Хроника
16 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 16 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.
Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).
Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.
Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.
Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!
Хроника
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро

На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското езеро во близина на пумпната станица- Дебар, на околу два метри од брегот на езерото, почината е пронајдена С.А. (27) од Дебар.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, а лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство, по што телото е дадено за обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
СВР Охрид со детали за страшната сообраќајка синоќа на булеварот „Туристичка“ во Охрид

На 19.06.2025 година во 22.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од селото Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. е лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по член 300 став 2 од Кривичниот законик, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и
Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово, информираше МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија13 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза17 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт4 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Lifestyle13 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена