Хроника
Удрен пешак на магистралниот пат Кичево-Охрид во тешка сообраќајка

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на населба Горица.
Од она што дојдовме до информација станува збор за удрен пешак, предизвикан од патничко моторно возило во движење.
Екипи на ОВР Кичево како и Медицинска екипа се на терен, додека увидната екипа при МВР врши увид.
За сега немаме дополнителни информации за здравјето на учесниците, од она што се зборува во градскиот кулоар и сè разбира неофицијално станува збор за настрадан пешак кој бил работник со привремен престој во градот.
Хроника
СВР Охрид со детали за страшната сообраќајка синоќа на булеварот „Туристичка“ во Охрид

На 19.06.2025 година во 22.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од селото Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. е лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по член 300 став 2 од Кривичниот законик, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и
Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово, информираше МВР.
Хроника
При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина

На 03.06.2025 во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.
Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот.
Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Според наши неофицијални информации, тешко повредениот жител и работник од Кина им подлегнал на повредите по што починал.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 јуни)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија19 часа
Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата
-
Македонија2 дена
Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч
-
Lifestyle22 часа
Што навистина се случува кога кожата ќе изгори од сонце?
-
Временска прогноза4 часа
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C