Lifestyle
2024 година беше најжешката досега
2024 година беше најтоплата година во светот откако се водат мерења, со екстремно високи температури кои продолжија во првите неколку месеци од 2025 година, според научниците од Европската унија.
Податоците од Европската служба за климатски промени Коперник (C3S) потврдија дека 2024 година стана најжешката досега и првата година во која просечните глобални температури надминаа 1,5 степени Целзиусови над нивото пред индустриската ера (1850-1900).
Претходната најтопла година беше 2023 година.
Екстремни временски услови во 2024 година
Во текот на годината, светот беше погоден од екстремни временски услови:
- Големи суши ги зафатија Италија и Јужна Америка.
- Смртоносни поплави го погодија Непал, Судан и делови од Европа.
- Топлотни бранови убиваа илјадници луѓе во Мексико, Мали и Саудиска Арабија.
- Катастрофални циклони го зафатија САД и Филипини.
Научните студии ги потврдија ефектите на климатските промени предизвикани од човекот врз сите овие катастрофи.
Минатиот ноември беше вториот најтопол ноември досега, веднаш по ноември 2023 година.
Причини и предупредувања
Научниците потсетуваат дека главна причина за климатските промени се емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од согорувањето на фосилните горива. И покрај зелените ветувања за намалување на емисиите, глобалните нивоа на CO2 достигнаа рекорд во 2024 година.
Феноменот Ел Нино, кој донесе потопли температури, заврши кон крајот на годината, оставајќи можност за појава на Ла Нина во 2025 година, која би можела накратко да ги намали глобалните температури. Сепак, научниците предупредуваат дека долгорочниот тренд на глобално затоплување ќе продолжи.
Последици и идни ризици
Дури и ако 2025 година биде малку поладна поради можниот ефект на Ла Нина, високите температури ќе продолжат да предизвикуваат топлотни бранови, суши, шумски пожари и тропски циклони, предупредуваат експертите.
Записите на C3S датираат од 1940 година, со споредби со глобалните температури од 1850 година, потврдувајќи го алармантниот тренд на климатските промени.
Извор: Index
Lifestyle
(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.
Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.
По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.
Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.
Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:
@anatoly_pranks Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
Lifestyle
5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис
Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.
5. Шнауцер
-
Достапни во три големини.
-
Познати по интелигенција и лојалност.
-
Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.
4. Малтезер
-
Мало, нежно и пријателско куче.
-
Хипоалергично и паѓа исклучително малку.
-
Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.
3. Португалско водно куче
-
Интелигентни, енергични и многу послушни.
-
Обожаваат вода.
-
Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.
2. Бишон Фризе
-
Разиграно, нежно и многу приврзано куче.
-
Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.
-
Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.
1. Пудлица
-
Една од најинтелигентните раси во светот.
-
Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.
-
Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.
-
Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“
Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?
-
Правилната исхрана е клучна.
-
Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.
-
Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.
Извор: Vecernji
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево7 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево10 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Македонија22 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Временска прогноза8 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
