Кичево
Во полна сала град Кичево вчера беше домаќин на јубилејниот концерт на „ТАНЕЦ“ – 75 години, фасцинантната изведба публиката ја испрати со громогласен аплауз

Вчера во големата сала на НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево се реализираше јубилејниот концерт на националниот ансамбл за песни и ора „Танец“. После подолго време, конечно кичевчани ја имаа таа чест, „Танец“ големиот јубилеј да го прослават токму кај нас. Уживавме во уникатните кореографски бисери на „Тресеница, Ѓурѓовденка, Копачка, Жетварка“, со две македонски песни исто така се претстави и Сузана Спасовска, а своја точка на прекрасен македонски мелост имаа музичкиот состав при „Танец“ на чело со маестро Влатко Терзиски и главните вокали на ансамблот, додека верната публика на неколку пати ги почести професионалците со громогласен и долг аплауз!
– „Танец“, свои 75 години вистински амбасадори на македонската културае име кое со децении е симбол на македонската уметност, презентер на македонското фолклорно творештво на сите континенти на Земјината топка. Покрај негувањето на фолклорното творештво, народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки, „Танец“ ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои претставуваат амблем на македонската култура.
Повеќе видео инсерти ќе најдете на официјалниот фејсбук профил од НЦУК „Кочо Рацин“ – ТУКА
Кичево
(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1 пешадиска бригада (1. пбр) традиционално го одбележаа 21-ви Мај – „Денот на Единицата“, која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.
Во текот на одбележувањето на денот со пригодни говори и честитки на свеченоста, присуствуваа бригаден генерал Дејан Чиплаковски, Командант на Командата за обуки и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, пензиониран генерал Зоран Милески, поранешни команданти, старешини, војници и цивилни лица во Армијата, пензионирани лица од единицата и гости.
– Овој ден 21-ви мај има посебно значење за припадниците од 1 пешадиски баталјон, каде се навршуваат 82 години од сега веќе далечната 1943 година кога Главниот штаб на Народно Ослободителнатра Војна и Партизанските Одреди на Македонија од пристигнатите борци на 21-ви мај 1943 го формираа Кичевско-Мавровскиот Партизански Одред. По тој повод се организира оваа воена свеченост „21-ви Мај Денот на единицата“
На оваа свеченост беа наградени најдобриот вод, пофалени и унапредените старешини и војници, беа врачени благодарници до локалните приватни и државни претпријатија, како и поклони и срдечни почести и честитки за пензионираните припадници на АРМ.
На крај свеченоста беше официјално затворена со скромен коктел за присутните во дворот на касарната „Чеде Филипоски – Даме“
На официјална покана и ние бевме дел од оваа свеченост, така што настанот ви го пренесуваме преку фотогалерија:
Д.Б.
Кичево
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј.
– Барањата беа исти, протестите се со цел дислокација на дивата депонија, настаната во местото повеќе познато меѓу кичевчани Керамички комбинат.
– Околу 200 кичевчани изразија револт поради до сега никаквото решение со депонијата која шири заразни болести и е закана по здравјето повеќе од 8 години.
– „На гости ми дојдоа луѓе од Истанбул, кога излеговме на балкон веднаш ме прашаа што е оваа смрдеа, јас приморан бев да им кажам дека на 100м имаме депонија, а тие на тоа ми одговорија ова да беше во Турција, ќе следеа низа казни и медиумски блам“ – на говорот истална Џани Вели, старограѓанин од Кичево, долгогодишен пациент на Онкологија.
Свое излагање пред присутните имаше и еден од организаторите кој даде крик за оваа немила ситуација со депонијата, г-дин Бојан Мишкоски, кој потсети дека само сè бара чист воздух, здрава средина, она што е загарантирано со закон.
– Тој исто така истакна дека тука нема да застанат и дека ќе го мобилизираат народот се до разрешница на овој долгогодишен проблем кој ги труе кичевчани, а најмногу младата популација.
Да потсетиме за овој проблем истражуваше и ИРЛ:
Кичево
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден

Кичевските матуранти, генерација 2021-2025 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Дождот не беше пречка за нивно славје. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.
п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!
– Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!
Кратко видео од прославата пред гимназијата Мирко Милески – ТУКА
Со среќа!
-
Кичево22 часа
(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (21 март)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (22 мај)
-
Временска прогноза15 часа
Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури
-
Македонија20 часа
Приведен измамник: Преку фејсбук страница продавал наводно благословени предмети
-
Македонија2 дена
Посебен сообраќаен режим за експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани
-
Здравје и убавина2 дена
Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам
-
Спорт22 часа
ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот