Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична за кичевчанец, сè сомничи за насилство врз дете
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 25.04.2024 на улицата „Влашки пат“ во Кичево, тој агресивно се однесувал кон малолетник и му упатувал закани, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре со манифестацијата „Поетска Рацинова вечер“ ќе се одбележи патрониот празник на Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево
По повод патрониот празник на Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се одржи манифестација „Поетска Рацинова вечер“ која ќе биде збогатена со читање творби и многу други одбележја во чест на нашиот великан Коста Солев Рацин кој достоинствено го носи нашиот кичевски Центар за Култура името на овој македонски револуционер и поет.
На оваа манифестација ќе учествуваат поети од нашиот град, играорни групи како и многу други учесници од сите дејности. Преку нашиот медиум, а во соработка со установата, Ве покануваме со вашето присуство и да го одбележиме заеднички овој значаен ден и да оддадеме почит кон еден наш вреден и значаен поет, почеток на настанот четврток 19:30ч / 13.06.24
Настан на социјални мрежи: ТУКА
Кичево
Започнува Европското првенство, „ART Caffe“ – Кичево ве кани на „фудбалска треска“ со видео бим за фудбалските утакмици, апетисани за секого и одличен амбиент!
„ART Caffe“, на ул. „Борис Кидрич“ бр.1, објект кој е ваш верен пријател повеќе од 10 години, каде најубавото кафе е гаранција за позитивен ден и насмевки, на барање на своите клиенти фудбалските натпревари во рамките на Европското првенство 2024 кои започнуваат од петок 14-јуни и ќе траат до 14-ти јули ќе ги пренесува на видео бим во живо.
Претстојното Европско првенство во 2024 година во Германија своето отворање ќе го има во Минхен, на „Алијанц Арена“ токму на 14 јуни од 21:00ч, каде домаќините ќе играат против Шкотска.
Најдоброто кафе, повеќе видови на пиво, гратис апетисани и одличен амбиент со „HD“ слика, бидете дел и уживајте во топлиот период заедно со „ART Caffe“
Повеќе за „ART Caffe“ ќе најдете ТУКА
Кичево
Вчера во угостителски објект во Кичево полицијата приведе жена која агресивно се однесувала со сопственикот на локалот, заработи пријава
На 06.06.2024 околу 21.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ја привеле М.П. (39) од Кичево, со живеалиште во Скопје, затоа што во угостителски објект во Кичево го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон сопственикот. Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (14 јуни)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (15 јуни)
-
Временска прогноза14 часа
Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите
-
Култура2 дена
Денес е празник, денеска е „Спасовден“, четириесет дена по Велигден, ова се обичаите и верувања за овој голем празник
-
Lifestyle1 ден
Се почесто се појавуваат комарци и крлежи. Еве како да се заштитите ова лето
-
Магазин2 дена
Никогаш не би погодиле: Дали знаете што значи зборот „Google“?
-
Магазин2 дена
Apple објави нова листа на застарени уреди
-
Спорт2 дена
На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне