Следете не

Lifestyle

5 причини зошто пијалокот од ѓумбир и куркума треба да биде дел од вашето секојдневие

Објавено пред

на

Комбинацијата од ѓумбир и куркума има бројни здравствени придобивки и може да помогне во превенција и олеснување на различни состојби. Истражувањата покажуваат дека овој пијалок:

1. Го намалува воспалението

  • Ѓумбирот и куркумата содржат моќни антиоксиданси, како што се шогаолите и куркуминот, кои помагаат во намалување на хроничното воспаление.

2. Го зајакнува имунитетот

  • Антимикробните својства на овие две состојки можат да помогнат во борба против бактерии и вируси.
  • Прелиминарните податоци сугерираат дека екстрактите од ѓумбир може да помогнат во спречување на настинки и ублажување на болки во грлото.

3. Го подобрува варењето

  • Ѓумбирот помага при гадење, надуеност и побрзо празнење на желудникот.
  • Сепак, преголема консумација на овој пијалок може да ја влоши мачнината.

4. Го штити срцето

  • Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот го намалува крвниот притисок, а куркумата го намалува ризикот од срцеви заболувања.
  • Куркуминот може да помогне во спречување на атеросклероза (стеснување на артериите поради насобрана плака).

5. Помага при слабеење

  • Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и ја намалува телесната тежина.
  • Куркуминот го спречува развојот на масни клетки и ја подобрува отпорноста на инсулин.

Овој природен пијалок може да биде одличен додаток на вашата дневна рутина за подобро здравје и виталност.

Извор: InF

Lifestyle

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/tiktok/anatoly_pranks

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.

Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.

По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.

Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.

Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:

@anatoly_pranks

Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank

♬ original sound – ANATOLY

Прочитај повеќе...

Lifestyle

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Óscar Aguilar Elías

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.

Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.

Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.

За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.

ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling

Прочитај повеќе...

Lifestyle

5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис

Објавено пред

на

Фото: Damian Kamp @ unsplash
Фото: Damian Kamp @ unsplash

Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.

5. Шнауцер

  • Достапни во три големини.

  • Познати по интелигенција и лојалност.

  • Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.

4. Малтезер

  • Мало, нежно и пријателско куче.

  • Хипоалергично и паѓа исклучително малку.

  • Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.

3. Португалско водно куче

  • Интелигентни, енергични и многу послушни.

  • Обожаваат вода.

  • Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.

2. Бишон Фризе

  • Разиграно, нежно и многу приврзано куче.

  • Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.

  • Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.

1. Пудлица

  • Една од најинтелигентните раси во светот.

  • Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.

  • Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.

  • Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“

Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?

  • Правилната исхрана е клучна.

  • Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.

  • Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.

Извор: Vecernji

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија8 часа

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт8 часа

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика, е официјално назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle11 часа

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин13 часа

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили13 часа

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза14 часа

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија1 ден

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради...

Свет1 ден

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток...

Здравје и убавина2 дена

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз...

НАЈЧИТАНИ