Кичево
96.5 MHz – Радио „Акорд“ – 17 години вашата верна радио и онлајн музичка фреквенција во кичевскиот етер

На фреквенција од 96.5 MHz во Кичево, 24 часа на ден, се емитува музика по избор на слушателите,најнови хитови од македонската и странската музичка сцена и промоција на албуми. Секојдневен радио сервис кој ве информира за сите настани од градот, околината и пошироко…
Денес и минатите 17 години вашето Радио АКОРД со својот сигнал ја покрива целата територија на општина Кичево и околината, а исто така програмата на АКОРД Радио може да се следи и преку интернет онлајн со клик на линкот ТУКА
Нека секој ден започнува со нашите партнери – Радио Акорд, вашата верна радио-фреквенција 24 часа на ден!
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника1 ден
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Храна1 ден
Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента
-
Магазин1 ден
Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки
-
Македонија17 часа
18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007
-
Автомобили23 часа
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“