Кичево
Од средина на ноември до сега вкупно 13 луѓе од Кичево биле жртви на напади од бездомни кучиња, решение за сега очигледно нема
Од средина на месец ноември па се до денес, вкупно 13 луѓе биле цел на кучиња скитници кои биле нападнати и се здобиле со повреди, истакнати според извештаите на дневниот билтен на портпаролот од СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски. Претходно исто така имавме доста случаеви кои ги поставивме во целина (ТУКА). Од тој ден до денес, повторно имаме доста регистрирани случаи на граѓани кои пријавиле во ОВР Кичево напад врз нив од кучиња скитници, така да, по датуми листата изгледа вака:
На 11.11.2022 во 21.05 часот, Т.М.(63) од Кичево, пријавил дека неговиот малолетен внук, на улицата „Мехмед Мехмеди“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.
На 12.11..2022 година во 15 часот во ОВР Кичево, Б.Џ.(58) од кичевското село Колари, пријавил дека на булеваот „Ослободување“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.
На 13.11.2022 година во 23.00 часот во ОВР Кичево, А.Б.(48) од кичевското село Зајас пријави дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.
На 16.11.2022 година во ОВР Кичево, Л.Ц.(44) од кичевското село Долно Строгомиште пријави дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, И.А.(66) од истото село и Ф.Ф.(33) од селото Стрелци пријавија дека на улицата „Партизански Одреди“, односно „Маршал Тито“ во Кичево биле каснати од куче скитник.
На 17.11.2022 година во 18.30 часот, А.П.(51) од Кичево во полициска станица пријави дека нејзиниот малолетен син на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 18.11.2022 година во 21.50 часот, С.М.(73) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 22.11.2022 во 11.27 часот во полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево пријавено е дека кај нив со повреди од каснување на куче бил донесен лицето В.С.(60) од Кичево. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било утврдено дека на 21.11.2022 во дворот на семејната куќа во селото Козичино, кичевско, В.С. бил каснат од куче раса „Кангал“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2022 година во 16.10 часот, Л.К.(81) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „4 јули“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 28.11.2022 година во 17.35 часот, П.Ц.(48) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 30.11.2022 година во 17.35 часот, Н.К.(33) од Кичево во полициска станица пријави дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 03.12.2022 година во 10 часот, С.С.(22) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Прилепска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 08.12.2022 во 10.50 часот во ОВР Кичево, З.Ј.(58) од кичевското село Другово пријави дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Извор: Стефан Димоски (портпарол на СВР Охрид)
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Временска прогноза2 денаЗа зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
-
Технологија2 денаКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (7 ноември)
-
Култура17 часаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија17 часаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Хороскоп8 часаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Македонија2 денаАвтомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба
-
Балкан2 денаЦрвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
