Балкан
Според шест централни банки во поранешна СФРЈ, по основ на заеми Словенија се први, додека ние сме на петото место по лични долгови
Граѓаните на Хрватска се најзадолжени во регионот со износот на вкупниот долг кон банките по основ на заеми од 18 милијарди евра
Жителите на Црна Гора должат најмалку, приближно 1,39 милијарди евра, според јануарските податоци на шест централни банки во поранешна СФРЈ за состојбата на малопродажните заеми.
На второ место според вкупниот долг се Словенците со износ од 11 милијарди евра, додека граѓаните на Србија се на трето место со износ од 10 милијарди евра.
Меѓутоа, кога се гледаат вкупните износи на заемот во однос на бројот на жители, излегува дека граѓаните на Србија се најмалку задолжени во споредба со другите земји кои потекнуваат од поранешната заедничка држава.
Според висината на личните долгови по основ на заеми, најзадолжени се Словенците со износ од 5.286 евра, потоа следуваат Хрватите со 4.208 евра, Црногорците со 2.239, граѓаните на БиХ со 1.536 евра, Македонците со 1.452 евра и на крајот Србите со просечно 1.443 евра долг.
Интересно е да се забележи колку порасна задолженоста на граѓаните во овие земји во пандемијата 2020 година. Општо, тој порасна на ниво на неколку проценки – најмалку во Хрватска (1,8 %), а најмногу во Србија, со 11,2 %
Инаку за нашата држава според Управата за јавни приходи и нивната најнова листа на должници бр.03/2021 за долгови доспеани до 30.11.2020 и неплатени до 28.02.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.03/2021 објавени се 2.790 должници – правни лица (помалку за 28 од претходната листа) и 1.825 физички лица (помалку за 28 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2021 изнесува 10.087.488.923 денари, помалку за 193.775.645 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.035.439.846 денари (помалку за 187.957.192 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 52.049.077 денари (помалку за 5.818.453 денари од претходната листа).
Балкан
Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.
Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.
Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.
Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.
Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.
Извор: off.net.mk
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
Балкан
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.
– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
-
Технологија2 денаКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (7 ноември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура22 часаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија22 часаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Македонија2 денаАвтомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба
-
Временска прогноза1 денОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија22 часаЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
