Македонија
Денес нови 303 случаи на Коронавирус и 41 лице починати

Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 195
-Прилеп 28
-Куманово 17
-Гостивар 14
-Тетово 8
-Кавадарци 7
-Велес, Штип и Неготино по 6
-Струга и Кичево по 3
-Струмица и Гевгелија по 2
-Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип по 1 лице
Пријавени се вкупно 41 починато лице: 16 од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г).
Регистрирани се 1169 оздравени пациенти од:
-Скопје 532
-Прилеп 78
-Кавадарци 63
-Куманово 58
-Неготино 47
-Велес 44
-Гостивар 42
-Штип 36
-Тетово и Битола по 34
-Кочани 22
-Гевгелија 21
-Крива Паланка 19
-Делчево и Берово по 14
-Струмица 13
-Свети Николе, Валандово и Богданци по 11
-Ресен 9
-Дебар 8
-Кичево, Радовиш и Македонски Брод по 7
-Крушево и Демир Хисар по 5
-Пробиштип, Демир Капија и Пехчево по 4
-Кратово и Дојран по 2
-Охрид 1
Досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.
Македонија
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“

Од АМСМ информираат дека на 23 и 24 август 2025 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на регионалниот пат Р-1306 Кривогаштани – Прилеп, поради одржување на меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“, сообраќајот ќе биде во прекин.
Сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
Македонија
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци

На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
Македонија
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, лишени од слобода две лица

Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички.
Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик, истакна МВР.
-
Хроника1 ден
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево4 часа
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (22 август)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Култура2 дена
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Македонија20 часа
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Македонија1 ден
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци
-
Спорт1 ден
Утре започнува првото коло во втората македонска фудбалска лига, според новите правила само шампионот обезбедува место во ПМФЛ