Спорт
ФФМ и УЕФА: Фудбалот е спорт број 1 во Македонија, работата на ФФМ оценета како исклучително успешна

Фудбалот е спорт број 1 во Македонија. Угелдот и перцепцијата за работата на Фудбалската федерација на Македонија е исклучително позитивен, додека нивото на интерес за натпреварите на Националните тимови постојано бележи раст.
Ова се само дел од резултатите кои произлегуваат од научното истражување за ставовите кон македонскиот фудбал. Истражувањето е направено и спроведено од Kantar Media, водечка меѓународна компанија специјализирана за истражување, податоци и увиди, во име на Фудбалската федерација на Македонија со поддршка на УЕФА.
Фудбалот е спорт број 1 во Македонија (58%)
– Најдобрата македонска репрезентација се пласираше на ЕУРО 2020 и еден од најголемите моменти во нашата фудбалска историја дава можност за зголемување на целокупниот интерес.
– Помладата популација од 18 – 24 години има најголем интерес за фудбал и веројатно е клучна во одржувањето и зголемувањето на интересот за фудбалот во Македонија преку развој на стратегии фокусирани на младите.
ФФМ углед и комуникација (71% сметаат дека ФФМ има позитивна целокупна слика – зголемување од 50% во однос на 2016)
– Улогата на Фудбалската федерација на Македонија во подобрувањето на целокупната слика за македонскиот фудбал (од инфраструктура до резултатите на Националните тимови) доведе до значително подобрена перцепција за ФФМ.
– Во следниот период ФФМ треба да се насочи кон кампањи кои прикажуваат вистински иницијативи за постигнување на претходно дефинирани и мерливи цели поврзани со обука на висококвалитетни тренери и судии и развој на младински програми.
– ФФМ треба да развие стратегија за комуникација за да ја зголеми свеста за организациската активност
Учество во фудбалот
– Учеството во фудбалот бележи значителен раст. Фудбалот во Македонија е најпопуларен спорт и поради бројот на деца кои започнуваат да тренираат и играат фудбал (27%).
– Учеството на момчињата кои почнуваат да играат фудбал е силно. ФФМ треба да продолжи да инвестира во „Детска лига“ и во проектите за развој на „Училишен фудбал“. На тој начин, се зголемува бројот на учесници во фудбалот и се поттикнува бројот на регистрирани фудбалери во клубовите.
Домашен фудбал
– Прва македонска лига: Интересот за Националното првенство е зголемен за 6%. Возрасните групи 18-24 и 25-34 години имаат најголем интерес.
– Високиот интерес на популацијата од 18-24 години за најдобрата македонска репрезентација треба да биде дополнителен импулс за зголемување на интересот за македонската лига која треба да биде место каде што следната генерација на македонски репрезентативци ја започнуваат својата кариера.
Меѓународен фудбал (од 2016 интересот е значително зголемен од 43 на 50%)
– Интересот за македонските национални тимови дополнително е зголемен со кампањата за ЕУРО 2020. Промотивната кампања треба да биде фокусирана на успехот, возбудата и гордоста.
– По завршувањето на Европското првенство, ФФМ треба да стави акцент на иницијативи и поддршка на другите национални репрезентации со шанса за пласман на големи турнири во иднина.
– Специфични области на фокус треба да бидат обука на висококвалитетни тренери и судии, подобрување на фудбалската инфраструктура и развој на младинските категории.
– Многу значајно е да се зголемува интересот за младинските репрезентации покажувајќи им го патот на играчите од македонските репрезентации кои беа дел од младинските национални тимови и стигнаа до учество на УЕФА ЕУРО 2020.
Фудбалската Федерација на Македонија како лидер помеѓу спортските организации во Македононија редовно врши истражувања на јавното мислење за фудбалот и спортот воопшто. За потребите на последното истражување направено во 2020 година земени се податоците од истражувањето извршено во 2016 година со цел да се направи споредба со промените во перцепцијата и достигнувањата на федерацијата.
Истражувањата во целост може да се погледнат на линковите во продолжение на овие два линкови –
Спорт
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.
Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.
На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.
Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.
Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.
Спорт
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!
Извор: ФФМ
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
-
Кичево1 ден
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Кичево15 часа
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Временска прогноза14 часа
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија2 дена
На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола
-
Временска прогноза2 дена
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Скопје14 часа
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место