Следете не

Спорт

Женската А репрезентација ќе одигра пријателски натпревари со Косово во четврток и недела, истите ќе бидат во живо на ФФМ ТВ

Објавено пред

на

Македонската женска А репрезентација во април ќе одигра две пријателски средби со репрезентацијата на Косово.

Натпреварите ќе бидат одиграни на 8 април, 2021 со почеток во 16.00 часот и на 11 април, 2021 со почеток во 13.00 часот. Двете средби ќе се одиграат во Скопје на тренинг центарот на ФФМ, а ќе може да се проследат во живо на ТВ платформата https://tv.ffm.mk/

„Целта на натпреварите е да се продолжи со воигрување на тимот, одржување на континуитет пред квалификациите кои се на распоред следната година. Ова ќе биде убава можност да се пробаат неколку играчи кои веќе немаат право за настап во репрезентација до 19 години, да се види нивниот квалитет и потенцијал, како и да им овозможи меѓународно репрезентативно искуство. Поради ситуацијата со КОВИД 19 после подолго време нема да може да сметаме на играчите кои настапуваат во странски лиги, бидејќи се соочуваат со рестрикции за патување и строги протоколи од страна на клубовите.“ изјави селекторот Кирил Изов.

Повик за собирот кој започнува на 5 април, 2021 добија следните фудбалерки:

Голамани: Лекоска Магдалена (ЖФК Љуботен), Суарта Речи (ЖФК Асс Унитед)

Одбрана: Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Јулија Живиќ (ЖФК Љуботен), Сара Коларовска (ЖФК Каменица Саса), Драгана Гегова (ЖФК Скопје 2014), Даниела Велеска (ЖФК Деспина-Прилеп), Јовановска Јасмина (ЖФК Речица), Ана Милчевска (ЖФК СЦ Истатов 2015).

Среден ред: Катерина Милеска (ЖФК Деспина-Прилеп), Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Енџи Шерифи (ЖФК Шкендија), Александра Марковска (ЖФК Скопје 2014), Елена Петровска (ЖФК Скопје 2014), Сара Велкова (ЖФК Тиверија), Сара Хусеин (ЖФК СЦ Истатов 2015), Теодора Јанковска (ЖФК Топ Гол)

Напад: Улза Максути (ЖФК Асс Унитед), Кристина Петрушевска (ЖФК СЦ Истатов 2015), Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Афродита Салихи (ЖФК Шкендија)

Спорт

Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Објавено пред

на

©porta.mk

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.

Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:

„За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“

Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.

Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Објавено пред

на

©porta.mk

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од вистинска спортска приказна. Во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, а ова е идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.

Нашата мисија е преку спортот да создадеме силни личности, вистински другарства и да им помогнеме на младите да ја развијат својата љубов кон кошарката, за Порта.мк истакнаа искусните тренери.

Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?

  • Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
  • Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
  • Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.

Твојот прв кош е само почеток – со нас ќе ги поставиш темелите на својата спортска иднина!

📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:

  • 075/525-774 – Војне Савески
  • 078/424-238 – Александар Димитров

🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!

 

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.

На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.

Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.

Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин3 часа

YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да...

Фото: Onur Binay @ unsplash Фото: Onur Binay @ unsplash
Мобилни уреди3 часа

Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат...

Социјални мрежи4 часа

Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на...

Спорт5 часа

Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на...

Македонија5 часа

МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје...

Свет6 часа

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18...

Временска прогноза7 часа

Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (4 септември)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Македонија22 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од...

Македонија22 часа

„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути

Wizz Air, најголемиот авиопревозник во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија во EMEA регионот¹, со задоволство најавува значителна експанзија во земјата,...

НАЈЧИТАНИ