Следете не

Автомобили

Ова е новиот Jeep Compass: ист само малку поинаков!

Објавено пред

на

Еден од најпопуларните модели на Jeep штотуку беше претставен во „освежено“ издание, кое доби дискретни визуелни подобрувања и побогата опрема.

 

Сепак, се чини дека има поголеми подобрувања во самото возило, поточно во кабината, бидејќи компасот сега доби нова дигитална инструментација од 10,25 инчи и има дисплеј на инфо-забавниот систем со екран на допир од 8,4 или 10. 1 инч, во зависност од пакет опрема.
Воведени се и системи за препознавање на сообраќајни знаци, поспаност на возачот, автоматско сопирање, адаптивно контролирање на патувањето и помош за одржување на возилото во рамките на лентата, што го прави компасот првиот модел на џип на европскиот пазар кој е опремен со ниво 2 на автономно возење.

 

Покрај ИТ „гаџетите“, променета е и самата централна конзола, која сега обезбедува повеќе простор за чување мали предмети – Jeep наведува скоро 4,5 литри волумен, а внатрешноста е збогатена со нови, поквалитетни материјали. Постојат пет пакети со опрема што се нудат: Sport, Longitude, Limited, S i Trailhawk.

Кога станува збор за моторизацијата, понудата останува иста: 1.3-литарски турбо-бензинец од 130 или 150 коњски сили, како и 1.6-литарски турбо-дизел од 130 „коњски сили“. Во зависност од моторот, на клиентите им се достапни 6-брзински мануелен, автоматски или DCT менувач, како и погон на предни тркала или погон на сите тркала.

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп51 минута

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин13 часа

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин13 часа

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

Фото: Liliana Drew @ pexels Фото: Liliana Drew @ pexels
Lifestyle13 часа

Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови...

На денешен ден14 часа

Светот на денешен ден (28 октомври)

1492 – Кристофер Колумбо ја открил Куба за време на своето прво патување преку Атлантскиот океан и ја прогласил за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (28 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин2 дена

One UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите

Новата функција „Приоритизирај ги известувањата“ во Samsung One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците да ги задржат најважните известувања...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин2 дена

Instagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа

Многу корисници долго време ја бараа, а Instagram конечно ја воведува – новата функција „Watch History“ која овозможува да ги...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин2 дена

Како да го смените фонтот на вашиот Android телефон

Една од најголемите предности на Android е тоа што овозможува целосна персонализација на изгледот на телефонот – од теми и...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин2 дена

Meta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp

„Meta “ ја ажурираше својата политика за WhatsApp Business API, со која ќе ги забрани четботовите со вештачка интелигенција за...

НАЈЧИТАНИ