Спорт
Скендеровски: Македонската футсал репрезентација без седуммина стандардни играчи против БиХ и Романија
Македонската футсал репрезентација утре против Босна и Херцеговина (19:00 часот, С.Ц. Јане Сандански, Скопје) и на 14. април против Романија (Темишвар) ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство.
Селекторот Васко Скендеровски се соочува со многу проблеми со отсутни играчи за претстојните два меча. Иван Крстевски (Цико Проект) поради суспензија ќе го пропушти првиот натпревар, а поради повреди или Ковид-19 ограничувања во составот на македонската репрезентација нема да бидат Александар Глигоров (Шкупи), Даниел Де Соуса (Славија Прага), Еркан Сефери (Шкупи), Садат Зибери (Италпол), Игор Леовски (Славија Прага), Адријан Мицевски (Бетон Бојс, Минхен).
Драган Петровиќ и Драган Ранготов се вклучени на подготовките, но нивниот настап е неизвесен поради повреди. Во составот на Скендеровски, дури претмина се дебитанти. Берат Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Железарец), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес) и Јовица Марковски (Астибо).
Голмани: Антонио Петровски (Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина), Берат Рамадани (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (Проект Цико), Дарко Ранготов (Проект Цико), Мартин Тодоровски (Проект Цико), Џокица Џо Арсовски (Штутгартер 2020), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Велес), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес), Јовица Марковски (Астибо);
– Се соочуваме со огроми проблеми во однос на играчкиот кадар, но ова е објективната ситуација и мораме да ја прифатиме. Ќе биде исклучително тешко на овие два натпревари. БиХ веќе и теоретски го обезбедија своето учество на Европското првенство, без императив доаѓаат во Скопје, но тоа е силна репрезентација и секако во вакви околности фаворит против нас. Имаме пет дебитанти во тимот и тоа е добра можност за нив да ја почувствуваат атмосферата во репрезентацијата и да се потрудат да остават позитивен впечаток. Ни преостанува да се бориме до крај и да ја искористиме шансата за добар резултат доколку ни се укаже, изјави селекторот Васко Скендеровски.
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
-
Кичево1 денПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Кичево7 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп23 часаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура12 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија2 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Здравје и убавина1 денНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин11 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
