Следете не

Спорт

Авторите на химната за Македонската фудбалска репрезентација демантираат дека Сејдини реагирал за содржината на песната!

Објавено пред

на

Фудбалската федерација и претседателот Муaмед Сејдини побарале од авторите името на селекторот Игор Ангеловски да не се споменува во химната посветена на учеството на националниот тим на Европското првенство. Вакво тврдење објави „360 степени“, поткрепувајќи го со изјави од капитенот Горан Пандев и од Илија Несторовски. Но, демантираат авторите на химната „Одиме на Европско“.

Од друга страна, авторот и ко-авторот на спортската химна, Саше Љолес и Петар Младеновски и групата „ВИС Рисови“ изведувачите на песната „Одиме на Европско“ се огласија со реакција, во која како што велат им биле прифатени сите сугестии за текстот и за концептот на видео-спотот.

– „Наша сугестија беше да оди верзијата во кои се споменуваат дел од најважните фудбалери и селекторот. Сметавме дека таквата варијанта на темата е најдобрата и дека таа треба да оди во етер.
Разни гласини стигнуваа до нас за тоа како и што било или би било сугерирано и која варијанта би можела да биде дефинитивна.

– Со претседателот на ФФМ , г-н Сејдини ниту сме се сретнале ниту разговарале на оваа тема некогаш. Односите меѓу лица вработени во ФФМ ниту смееме, ниту сакаме, ниту сме должни да ги коментираме. При снимањето на сцените со дел од фудбалерите, апсолутно не постојат сцени во кои е намерно изоставен селекторот и истиот е вклучен во групните, онаму каде што и е предвидено да биде вклучен според сценариото на продукцијата и барањата на режисерот“ – се вели во дел од реакцијата.

Целиот текст и обраќањата од фудбалерите на МакФудбал ТУКА

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Објавено пред

на

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.

Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.

Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.

Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили18 часа

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин18 часа

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили18 часа

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин1 ден

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

Македонија2 дена

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи...

Lifestyle2 дена

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle2 дена

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин2 дена

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

НАЈЧИТАНИ