Спорт
Нашата футсал репрезентација несреќно изгуби од БиХ, додека македонската женска репрезентација го одигра првиот контролен меч против Косово
Македонската футсал репрезентација во С.Ц. “Јане Сандански“ во исклучително неизвесен меч е поразена од Босна и Херцеговина со 2:3. Избраниците на селекторот Васко Скендеровски му пружија силен отпор на големиот фаворит, но на крајот несреќно загубија. На гостите им беше признат гол пред крајот, но видео снимката покажа дека топката не ја мина гол линијата.
- Првото полувреме заврши со водство на Босанците со голот на Јосип Сесар во 13. минута. Нашите репрезентативци имаа неколку добри акции пред голот на Милановиќ, но не успеаја да ја затресат неговата мрежа.
Подобра игра на Македонија на стартот од вториот дел и веднаш израмнување. Капитенот Ранготов убаво се снајде пред гостинскиот гол и успеа да го совлада Милановиќ во 22. минута. Во тие моменти Македонија беше подобриот противник и бараше втор гол. Но, противникот поведе и тоа со голот на Хркач во 35. минута по убава комбинација пред нашиот гол. Македонија израмни во финишот преку Рамадан, но крајот БиХ успеа да реализира преку Јелиќ за победа од 3:2. Погодокот беше постигнат од крајно сонмнитална ситуација, видео снимката потврди дека топката не ја мина гол линијата.
Вториот меч од 5.коло во групата меѓу Србија и Романија се игра утре. Македонија својот последен натпревар во овие квалификации ќе го одигра со Романија на гости на 14 април.
Женската репрезентација на Македонија загуби од Косово во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции. На тренинг центарот „Петар Милошевски” противникот славеше победа со 3:1.
- Првиот гол гостите го постигнаа во 39. минута преку Халилај Дониета. Во 56. минута, Мусај Флета зголеми на 2:0. Три минути подоцна, избраничките на селекторот Кирил Изов успеа да го намалат резултатот на 2:1. Единствениот погодок за нашата женска селекција беше дело на Улза Максути. Конечните 3:1 ги постави Фериде Кастрати во 84. минута.
МАКЕДОНИЈА: 12. Магдалена Лекоска, 2. Даниела Велеска, 4. Катерина Милеска, 5. Сара Коларовска, 7. Улза Максути, 8. Александра Марковска, 9. Мустафи Хава, 10. Хусеин Сара, 11. Афродита Салихи, 13. Јулија Живиќ, 21. Александра Ристовска;
КОСОВО: 1. Флорентина Колгечи, 5. Лиридона Сила, 11. Едона Криези, 2. Гаши Агњеса, 22. Верона Бериша, 10. Шала Блерта 21. Лумбарда Мисини, 7. Доника Грајчевци, 14. Ерјона Емерлаху, 6. Донијета Халилај. 9. Калтрина Бикај;
Вториот контролен натпревар овие две репрезентации ќе го одиграат в недела на 11. април со почеток од 13:00 часот.
Спорт
(ВИДЕО) Имплементирање на ВАР системот ќе ја врати сигурноста на терените и кај инвеститорите, младите селекции ќе го добијат вистинскиот третман
Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ во интервју за ТРТ Балкан говори за неговата визија како да се подобрат состојбите и квалитетот на натпреварите во македонскиот фудбал, за очекувањата од фудбалската репрезентација, но и за можноста за Регионална фудбалска лига во која би играле клубови од регионот.
– „Публиката ќе се врати на терените кога ќе имаме конкурентни тимови, имплементацијата на ВАР системот, луѓе, компании и фирми кои сакаат да инвестираат во фудбалот ќе добијат сигурност на она што го вложиле, тоа ќе има вредност и ќе знаат дека нема да бидат оштетени од субјективни причини“ – истакна во ексклузивното интервју г-дин Омерагиќ.
Во продолжение проследете го одличното интервју во целост на колегите од ТРТ Балкан:
Спорт
Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија
Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.
Избраниците на селекторот Лекиќ одиграа добар натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и остварија сосема заслужена победа над Гибралтар. Давид Тоневски го отвори резултатот на средбата. Марио Јанев зголеми на 2:0. Противникот успеа да ја намали предноста на 2:1, но Марио Јанев со својот втор погодок ја врати предноста од два гола и ги постави конечните 3:1.
Во последното коло од турнирот, Македонија ќе игра со домаќинот Естонија, за јавноста известија од Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор на Национални репрезентации, и лидерот, легенда, дијамантот Елиф Елмас, нашата репрезентативна ѕвезда, на разговор, да споделат и да ја планираат иднината.
Доаѓаат големи работи. 🙌
Напред момци, фудбалот пред сè! 🇲🇰
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Македонија1 ден
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Кичево3 часа
„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.
-
Социјални мрежи21 час
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари
-
Македонија9 часа
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!
-
Временска прогноза6 часа
Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините