Следете не

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Сестринството на кичевскиот Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ во знак на вчерашниот празник подари рози на вработените во повеќе сектори

Објавено пред

на

Во чест на вчерашниот празник Благовештение на Пресвета Богородица, односно на денот кога Архангелот Гавриил со крин во раката и’ го благовести зачнувањето на нашиот Господ Исус Христос во нејзината утроба, сестринството на нашиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“, водено од таквата љубов кон Мајката на вечно живите, денес во градот Кичево, во знак на особена љубов кон жената и мајката, им подари рози на голем број припаднички на понежниот пол.
Особена беше честа да се посетат здравствениот дом, клиниката, полицијата, образовните институции, кои ја водат најголемата битка за сочувување и одржување на целокупното здравје, безбедноста и напредокот на жителите од овој град.
Срдечно им се заблагодаруваме за нивната безусловна жртва, која секојдневно ја принесуваат за благослостојбата на својот град и Татковината.
Се надеваме дека радоста на вчерашниот ден, со која што во градот Кичево беа зарадувани срцата на понежниот пол и предизвикани нивните искрени емоции и насмевки во ова тешко време на искушенија со пандемијата, како традиција ќе продолжи не само овде, туку и во сите градови на нашата земја.
Семилостивиот Бог да ги води по патот на вистината и да ги штити од секакви неволји и опасности, по молитвите на Неговата Пречиста Мајка, Која беше, е, и засекогаш останува нашата низмерна радост во сите векови. Амин.

[Best_Wordpress_Gallery id=”38″ gal_title=”Дарови”]

Со благослов од Манастир „Св.Богородица – Пречиста“
Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“

Кичево

(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Објавено пред

на

©porta.mk

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.

Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.

Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.

Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Објавено пред

на

©porta.mk

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловоз.

Подетални информации за здравјето на возачот или евентуално други учесници во сообраќајката немаме.

Увид на лице место напавила екипа од ОВР Кичево, додека за време на увидот на сообраќајната делница се создал сообраќаен метеж.

Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен на СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Кичево

Сечесниот празник на Успението на Пресвета Богородица се прослави со сеноќно бдение во нејзиниот кичевски величествен храм

Објавено пред

на

ФОТО: Бигорски Манастир | bigorski.org.mk

Ова празнично славословие беше дотолку порадосно и возвишено, зашто оваа година, по првпат, сечесниот празник на Успението на Пресвета Богородица се прослави со сеноќно бдение токму во Пречистанската Обител – во нејзиниот величествен храм, каде што во изминатите години, со голема љубов и пожртвуваност, се создаваа духовни и практични услови за едно вакво раскошно молитвено торжество. И, навистина, му прилегаше на овој свештен простор да ѝ се принесе сеноќно светогорско бдение, што оваа година траеше цели тринаесет часа.

 

Огромниот број верни од сите возрасти што го исполнија храмот, со едно срце и една уста, и со синовска љубов кон Мајката на Животот ги пееја Успенските статии. Големиот, пак, број монаси, монахињи и свештенослужители, собрани околу својот старец, епископот Антаниски г. Партениј, од длабочините на своите срца излеваа топли прозби пред раскошниот Богородичен одар, тивко молејќи ја да испрати обилен благослов врз целиот свет. Посебен духовен раскош на бдението му дадоа монасите и членовите на хорот „Митрополит Козма Пречистански“, кои пееја навистина неуморно и велелепно, достојно за Мајката Божја и за наслада на сите присутни.

 

Посебна духовна радост и умиление причини благодарственото обраќање на старешинката на манастирот Пречиста, монахињата Харитина, која, во име на целото сестринство, со особена почит му подари на нашиот Старец рачно изработен крст за благословување – како знак на благодарност и љубов за неговата несебична грижа и родителска љубов. Повод за овој уникатен и значаен дар беше првото големо торжествено светогорско бдение за празникот на Успението, отслужено токму во нивната Пречистанска Обител – едно духовно собитие кое претставува историски и благословен почеток за нова епоха од животот на овој Богородичен дом.

 

Повеќе фотографии ќе најдете на офцијалниот натпис од Бигорскиот манастир – ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Месечен Хороскоп (септември 2025)

ОВЕН Вашата посветеност на работата на крај ќе се исплати. Може да очекувате поволен период на ова поле. Јавно покажувате...

Скопје10 часа

СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција...

Кичево11 часа

(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион. Западна трибина е...

Мобилни уреди17 часа

„WhatsApp“ одстранил сериозен безбедносен пропуст за „iPhone“ уредите

На 29 август 2025 година, WhatsApp соопшти дека затворил сериозен безбедносен пропуст, кој овозможувал хакирање на „iPhone“ и „Mac“ уреди...

Автомобили17 часа

Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар

Темата за иднината на рачните менувачи ја допревме и порано, но анализата на најновите податоци од европските пазари, а особено...

Временска прогноза1 ден

Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (31 август)

ОВЕН Оваа недела ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност...

Скопје1 ден

Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија

Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и...

Кичево1 ден

(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно...

Спорт2 дена

Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки...

НАЈЧИТАНИ