Македонија
Денес 908 нови и 31 починати од Ковид. Во Кичево 2321 регистрирани до сега, активни се 317
Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 367, Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип – 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово – 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево – 19, Кочани – 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1 .
Регистрирани се 732 оздравени пациенти од:
Скопје – 339, Куманово и Прилеп – по 56, Битола -43, Велес – 37, Тетово – 35, Гостивар -29 , Штип – 25, Кочани и Кичево – по 16, Берово – 15, Гевгелија – 14, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 7, Виница – 6 , Струмица и Свети Николе – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 31 починати лица: 11 од Скопје (89г, 84г, 76г, 75г, 72г,72г, 70г, 68г, 62г, 51г, 48г), по 4 од Прилеп (87г, 83г, 82г, 68г) и Кичево (81г, 70г, 60г, 59г), 3 од Битола (68г,62г, 61г ), по 2 од Тетово (80г и 60г) и Охрид (84г и 80г), по 1 починат од Велес (82г), Кавадарци (82г), Струга (76 г), Свети Николе (88 г) и Македонски Брод (73г).
Од починатите 30 пациенти, се починати во болнички, а само еден пациент е починат во домашни услови.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 64860, активни 9056
Куманово 7941, активни 1253
Прилеп 7831, активни 1004
Тетово 6859, активни 686
Битола 5648, активни 1307
Велес 5167, активни 766
Гостивар 4962, активни 490
Кавадарци 4947, активни 573
Штип 4702, активни 470
Охрид 4679, активни 867
Струмица 3745, активни 567
Струга 2851, активни 266
Кочани 2572, активни 327
Кичево 2321, активни 317
Неготино 2102, активни 269
Гевгелија 2094, активни 355
Свети Николе 1414, активни 149
Крива Паланка 1171, активни 95
Ресен 1162, активни 229
Радовиш 1034, активни 138
Берово 961, активни 81
Делчево 916, активни 87
Дебар 904, активни 64
Пробиштип 754, активни 64
Виница 732, активни 119
Валандово 627, активни 102
Крушево 455, активни 100
Богданци 459, активни 70
Демир Капија 392, активни 47
Демир Хисар 357, активни 56
Кратово 350, активни 25
Македонски Брод 343, активни 35
Пехчево 246, активни 17
Македонска Каменица 220, активни 11
Дојран 131, активни 20
Македонија
Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 65,50 ден/лит, соопшти РКЕ.
Македонија
Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти МВР.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево24 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза2 денаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Кичево2 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп14 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија21 часОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт2 денаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија2 денаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
