Следете не

Македонија

Поставени знаци за сообраќаен режим на наплатна Петровец и Миладиновци, како и изведба на градежни работи пат А1 – Романовце

Објавено пред

на

Во периодот од 16.4.2021 г. (петок) до 17.4.2021 г. (сабота) ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А1 – наплатна станица Романовце, со цел поставување на патна опрема на наплатни станици за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Времениот режим се спроведува согласно Одобрението издадено од Министерството за транспорт и врски.

Исто така на наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци се поставени знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежните активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.

Извор: АМСМ

Македонија

Ковид-19 денешен биланс, вкупно 74 нови случаи, 5 нови од Кичево, по градови сликата на регистрирани е следна

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1.

Регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од Кичево, двајцата пациенти се од возрасната група 60+ и двајцата се починати во болнички услови.

ФОТО: pixabay / Thor_Deichmann

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР со новиот т.н. „ноќен радар“ испиша 200 санкции за брзо возење

Објавено пред

на

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот  Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прочитај повеќе...

Македонија

Дури 121 возач вчера престигнувале непрописно, информира МВР

Објавено пред

на

Во текот на вчерашниот ден (26.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Македонија, при што санкционирани се 121 возач.

Од нив, 36 на територијата на СВР Тетово, а 23 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 11 часа

Хороскоп, последен за месец јули – (31.07)

ОВЕН Имате впечаток дека околностите се против вас и најверојатно сте во право. Држете се настрана и не залетувајте се...

МакедонијаПред 20 часа

Ковид-19 денешен биланс, вкупно 74 нови случаи, 5 нови од Кичево, по градови сликата на регистрирани е следна

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово...

На денешен денПред 20 часа

На денешен ден (30 јули)

1419 година – Хусите, следбеници на егзекутираниот чешки религиозен реформатор Јан Хус, испровоцирани фрлајќи камења кон нивната поворка, упаднаа во...

КичевоПред 24 часа

„Соседската патрола“ на СВР Охрид вчера беше во посета на Кичево

На 27/28.07.2021 година во периодот од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Кичево, ја спроведе превентивна кампања...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (30 јули) петок

ОВЕН Денес ќе бидете доста напнати. Луѓето околу вас ќе бидат доста критични и непријатни. Односите со некој надреден (шеф...

ТехнологијаПред 2 дена

PS5 стана најбрзо продаваната конзола на сите времиња

Компанијата откри дека продала 10 милиони конзоли PS5 до 18 јули, осум месеци по премиерата на 12 ноември. На тој...

Временска прогнозаПред 2 дена

Попоски вонредно најави пеколни температури до 45°C

Топлотниот бран кој е МНОГУ СИЛЕН и изразен во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица,...

КичевоПред 2 дена

Мартиал Артс: Утре во Кичево ќе се одржи интернационална ноќ на боречки вештини

Интернационална ноќ на боречки вештини во организација на Матриал Артс Академи клубот од Кичево во спортската сала Јанчица на ден...

МакедонијаПред 2 дена

МВР со новиот т.н. „ноќен радар“ испиша 200 санкции за брзо возење

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот  Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање...

На денешен денПред 2 дена

На денешен ден (29 јули)

1526 – Во кампања против Унгарија, турската армија го зазеде Петроварадин по тринеделна опсада. Турците тогаш ги освоиле соседните градови...

НАЈЧИТАНИ