Кичево
Дел од кичевските улици утре ќе немаат вода за пиење, додека ЦЈЗ Битола потврди неисправна вода во некој селски водоводи

ЈП “Комуналец” ги информира корисниците на вода за пиење дека утре на ден 29.04.2021 год (четврток) во период од 08:00 – 14:30 часот ќе има прекин на вода за пиење на овие улици и населби:
“Горно Пашино” , “Над Железничка Станица” ул.”22 Декември , “Партизански Одреди”, “Влашки Пат”,”, с. Мамудовци и с.Трапчин Дол.
Воедно Центарот за Јавно здравје од Битола известува дека според анализите од земен примерок на вода за пиење на ден 20.04.2021 од селските водоводи, потврдена е неисправност на ден 26.04.2021 год во Лабораториите на ЦЈЗ Битола во следниве кичевски села: Длапкин Дол, Горна и Долна Грешница и Лешница.
– Како што додава изворот, водата е бактериолошки неисправна за пиење се до добивање на нов примерок дека во однос на испитаните параметри е водата е исправна за пиење.
– До тогаш водата од овие селски водоводи пред употреба за пиење задожително да се преврива!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза1 ден
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Македонија1 ден
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт23 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје2 дена
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили21 час
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот