Временска прогноза
Детали за временската прогноза оваа недела, продолжува локално нестабилното време проследено со врнежи и грмежи

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Ќе има услови и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Во Скопје и околината денес, како и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, и тоа особено во попладневните часови ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 26 степени.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање

Доцна вечерва во нашата држава имаме ведро и свежо време насекаде, претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо оваа вечер е во Лазарополе каде се измерени само 10 степени. Од градовите пак најсвежо е во Охрид со измерени 13 степени.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија доцна вечерва. Во следните часови очекувам понатамошно опаѓање на температурите на воздухот насекаде во Македонија, доцна вечерва информираше Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември.
– Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени.
Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.
Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме.
Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.
Се на сè, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд

Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион и носи значително посвеж воздух, денес и утре (петок и сабота 22/23 август) времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
– Особено до крајот на денешниот ден (петок 22 август) ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Можна е и појава на локално невреме, па токму поради ова, особено поради очекуваниот силен ветер апелирам граѓаните да обратат внимание каде се движат, особено да обратат внимание на своите автомобили, тоа значи поради очекуваниот силен ветер да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.
И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец (во делови од котлината повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час).
Утре (сабота 23 август) температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, а утре (сабота 23 август) тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Кичево2 дена
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (26 август)
-
Македонија2 дена
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Временска прогноза2 часа
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Автомобили2 дена
РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за среда (27 август)
-
Македонија2 дена
МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар