Скопје
Делови од Скопје утрово без електрична енергија, поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, денес на ден 01.07.2021 година – четврток, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
КЕЦ Аеродром
КИСЕЛА ВОДА: ул.Пушкинова бр.4 (Од 08:00 до 14:00 часот)
КЕЦ Васил Главинов
ЦЕНТАР: ул.163,нас.Крњево, ул.164,нас.Крњево, ул.Хусеин Бајрам ,нас.Крњево, ул.165,нас.Крњево (Од 08:00 до 15:00 часот)
КЕЦ Ѓорче Петров
КАРПОШ: Дел од ул. Демир Трајко, ул.Његошева (Од 09:00 до 14:00 часот)
Извор: Струја
Скопје
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Р.Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување помош, информира МВР.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, информира МВР.
Скопје
Во ПС Карпош пријавено дека исчезнато е дете на 8 годишна возраст

Денеска (01.05.2025) во 00.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Џ.(55) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечил неговиот син А.Џ. (8), кој имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, известува МВР за јавноста.
-
Хроника12 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Македонија1 ден
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза2 дена
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија2 дена
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина1 ден
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Скопје12 часа
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор