Следете не

Спорт

Седумкратниот шампион во Ф1 – Луис Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес до 2023 година

Објавено пред

на

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон ќе остане во Мерцедес до 2023 година, бидејќи денес го продолжи договорот со тој тим. Седумкратниот шампион во Формула 1 моментално е во својата деветта сезона со Мерцедес.

– „Тешко е да се поверува дека поминаа скоро девет години работа со овој неверојатен тим и јас сум возбуден што ќе го продолжам нашето партнерство уште две години“, рече Хамилтон. Заедно постигнавме многу, но имаме уште многу што да постигнеме, и на патеката и надвор од неа, додаде Британецот.

Веста за продолжување на соработката беше објавена во пресрет на квалификациите за Големата награда на Австрија.

Хамилтон во моментов по осум трки заостанува 18 поени зад возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.

Извор: (Бета, 7 март 2021 година)

Спорт

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Објавено пред

на

©porta.mk

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.

Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.

Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255

Фејсбук настан – ТУКА

Се гледаме во с.Староец!

Прочитај повеќе...

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт10 минути

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

Временска прогноза3 часа

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

Македонија10 часа

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Скопје14 часа

МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу...

Кичево20 часа

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили2 дена

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин2 дена

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили2 дена

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

НАЈЧИТАНИ