Спорт
Ландо Норис утре со пол-позиција за Големата награда на Австралија, шампионот Верстапен ќе стартува од третото место

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за првата трка од сезоната во Формула 1 – Големата награда на Австралија. Британскиот возач беше побрз од неговиот тимски колега Оскар Пјастри за само 0,084 секунди во драматичните квалификации.
Актуелниот шампион во Ф1, Макс Верстапен, мораше да се задоволи со третото место откако ја задржа привремената пол-позиција во неговиот прв обид во последната рунда од квалификациите.
Сепак, Пјастре потоа ја воодушеви публиката во Мелбурн со сензационален круг за четири десетинки побрзо, но набргу потоа Норис уште еднаш го надмина тој резултат и го постави најдоброто време – 1:15.096.
Според РТС, Верстапен ќе ја започне трката пред Џорџ Расел, кој заврши четврти во Мерцедес. Одлични квалификации имаше и Јуки Цунода од Рејсинг Булс, кој го освои петтото место, додека Алекс Албон во Вилијамс ја продолжи одличната форма и постави шесто најбрзо време.
Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон немаа најдобра сесија и ќе мора да стартуваат од седмата и осмата позиција. Пјер Гасли од Алпина заврши деветти, додека Карлос Саинз го заврши својот прв квалификациски настап во Вилијамс на десеттата позиција.
Астон Мартин доживеа неуспех, бидејќи Фернандо Алонсо и Ленс Строл беа елиминирани во вториот дел од квалификациите, завршувајќи на 12-то и 13-то место. Џек Дуан стигна до 14. позиција, а новиот шампион во Формула 2, Габриел Бортолето, дебитираше во Кик Заубер со 15. место.
Дебитантите имаа тешка квалификациска сесија – Оли Бирман не успеа да постави време поради проблеми со менувачот, додека Кими Антонели во Мерцедес заврши 16-ти.
Лиам Лосон мораше да се повлече рано на своето деби во Ред Бул на 18-та позиција, а Нико Хулкенберг (Кик Заубер) и Естебан Окон (Хас) беа меѓу најслабо пласираните, завршувајќи ги квалификациите на 17-то и 19-то место.
Големата награда на Австралија е една од најпрестижните трки во календарот на Формула 1, која традиционално се одржува на патеката Алберт Парк во Мелбурн.
Првпат стана дел од Формула 1 во 1985 година, кога се возеше во Аделаида, а од 1996 година беше префрлен во Мелбурн. Се карактеризира со комбинација на улици и тркачки асфалт, што придонесува за непредвидливост.
Трката е значајна и за возачите и за тимовите, бидејќи често ги поставува стандардите за остатокот од сезоната. Најуспешни возачи во историјата на оваа трка се Михаел Шумахер и Лекс Давинсон со четири триумфи, додека Ферари има постигнато најмногу победи меѓу тимовите, со 14.
Притиснете „Watch on YouTube“:
Големата награда на Австралија ќе се одржи утре.
Извор: autoblog.rs
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
-
Кичево1 ден
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Кичево1 ден
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија1 ден
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Временска прогноза14 часа
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија1 ден
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица