Спорт
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, победник на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија
Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Италија на патеката во Монца. Ландо Норис стартуваше од пол-позицијата, но беше претекнат од Оскар Пјастри и Леклер во првиот круг. Пијастри го освои првото место, а Леклерк го освои второто место.
Леклерк го искористи тоа што еднаш отиде да менува гуми, за разлика од Пјастри, кој се одлучи за две патувања во боксот. Пијастри заврши на второто место, додека Норис беше трет. Карлос Саинц беше четврти, Луис Хамилтон заврши петти. Актуелниот шампион Макс Верстапен беше шести.
Други возачи кои постигнаа поени беа Џорџ Расел, Серхио Перез, Алекс Албон и Кевин Магнусен. Верстапен е на првото место во генералниот поредок со 303 бодови, Норис е втор со 241.
Ред Бул е на првото место во конкуренција на конструктори, со 446 бодови, додека Мекларен е втор со 438. Следната трка ќе се вози на 15 септември во Азербејџан.
Спорт
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години од денес до 15-ти септември на меѓународен турнир во Италија, Милеска го истакна списокот на фудбалерки
Младата женска репрезентација на Македонија од 11 до 15 септември ќе биде учесник на меѓународен турнир во Италија. Покрај домаќинот Италија, нашата селекција за противници ќе ги има Словенија и Албанија.
Катерина Милеска се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
1. | Ангела Блажева | Голман | ЖФК Каменица |
2. | Евгенија Вељановска | Голман | ЖФК Скопје |
3. | Арба Мерко | Одбрана | ЖФКАс Јунајтед |
4. | Мила Панева | Одбрана | ЖФК Скопје |
5. | Јована јовановска | Одбрана | ЖФК Топ Гол |
6. | Јована Петровска | Одбрана | ЖФК Атлетико |
7. | Александра Ристевска | Одбрана | ЖФК Топ Гол |
8. | Aндреа Алексовска | Одбрана | ЖФК Скопје |
9. | Ема Нановска | Одбрана | ЖФК Истатов |
10. | Лина Луканова | Средина | ЖФК Ас Јунајтед |
11. | Joвана Каралиоска | Средина | ЖФК Топ Гол |
12. | Теона Галабовска | Средина | ЖФК Тиверија |
13. | Елена Наумоска | Средина | ЖФК Скопје |
14. | Блехана Алиевска | Средина | ЖФК Toп Гол |
15. | Канита Емини | Средина | ЖФК Истатов |
16. | Тамара Лазеска | Напад | ЖФК Ас Јунајтед |
17. | Розита Пецева | Напад | ЖФК Тиверија |
18. | Калина Попески | Напад | ЖФК Земун |
19. | Mеланија Грозданова | Напад | ЖФК Истатов |
20. | Ана Марија Цветкоска | Напад | Langhus |
Спорт
Петраков: „Моите играчи вечерва како да не ги препознав, товарот за негативниот резултат со играч повеќе го преземам лично“
Олександр Петраков после мечот на прес конференција додаде збор-два за неговата селекеција, односно за поразот на градски во Скопје. За нив овој меч беше прв загубен по триумфот против Летонија од 4:1
Петраков: „Искрено моите играчи вечерва како да не ги препознав, односно моето посочување во соблекувалната момчињата не го применија, можеби дождливото време, концентрацијата или измореноста го направи своето, но тоа е фудбалот, продолжуваме понатаму и ќе се обидеме во Лига на Нации да освиме повеќе бодови, овој пораз иако срамен за нас со играч повеќе, товарот го преземам јас, не вреди критика-плус за нашите момчиња, бидејќи ја победивме Летонија – и тогаш ги фалевме.“, за медиумите изјави селекторот.
Спорт
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
Македонската репрезентација дојде до првата победа во четвртото издание на Лига Нации со победата над Ерменија вечерва со резултат 2:0 и тоа со 10 играчи. Оваа победа беше една од најбитните бидејќи противничката селекција на Ерменија беше директен конкурент за првото место во групата.
Со голот на капитенот Енис Барди во 70-тата минута од слободен удар, Македонија дојде до посакуваното водство, додека Миовски ја покажа големината и неговата форма со голот за 2:0 по дриблинг пред голот.
Со оваа победа Македонија дефакто се врати во игра за првата позиција, после она разочарувачко реми на Фарските Острови – кое треба да се заборави час поскоро и да се гледа напред!
На крај забележителен беше моментот на нашите два најголеми „асови“ Енис Барди и Елиф Елмас – во прегратките на селекторот Милевски, емоции и моменти, па се чини хармонијата во репрезентацијата и не е така лоша, односно според нас, досегашната резултатска криза која веруваме дека ќе се надмине претходно доминираше, додека поволен резултат и тоа како добро доаѓа.
Со среќа момци!
Македонија се сака и кога губи и кога победува, одиме понатаму!
Македонија: Димитриевски, Ашковски (83. Манев), Муслиу, Зајков, Димоски, Дав. Бабунски (46. Серафимов), Алими (59. Атанасов), Барди, Елмас, Миовски, Чурлинов (4. Ќамили, 59. Костадинов).
Селектор: Благоја Милевски.
Ерменија: Чанчаревиќ, Харутунјан, Харојан, Калисир, Тикнизјан (66. Григорјан), Спертсјан, Иву, Хофханисјан, Севикјан (66. Бичакчјан), Ранос (46, Серобјан), Зеларјан.
Селектор: Олександр Петраков.
Голови:
Enis Bardhi hunts Armenia with this great freekick!
pic.twitter.com/JDB37TGlav— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (11 септември)
-
Култура1 ден
Денес е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (12 септември)
-
Култура16 часа
(ФОТО) Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
-
Временска прогноза1 ден
Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?
-
Кичево18 часа
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија
-
Кичево5 часа
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во сабота и недела преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење