Спорт
Репрезентацијата на Македонија (генерација 2007) загуби од Босна и Херцеговина со 2:1

Младата репрезентација на Македонија (генерација 2007 ) загуби од соодветната селекција на Босна и Херцеговина во рамките на меморијалниот турнир „Јосип Каталински – Шкија”.
На тренинг центарот во Зеница, избраниците на селекторот Драган Начевски загубија минимално со 2:1. Противникот одлично го започна натпреварот, искористи невнимание во нашата одбрана и рано уште во 3. минута поведе со 1:0. Стрелец на водечкиот гол беше Андреј Мичиќ. Преку Стефан Младеновски, Македонија успеа да го израмни резултатот.
Во продолжението Босна и Херцеговина подобрата игра ја круниса со втор погодок во нашата мрежа. Фарис Џефахири во 68. минута погоди за предност на противникот од 2:1. Воедно тоа беше и конечниот резултат на денешната средба
Македонија (генерација 2007):Давид Илоски, Окан Ракипи, Милош Спасовски, Даим Кадриовски, Игли Хасани, Хисар Али, Горазд Ристовски, Марко Киш, Александар Грашевски, Стефан Младеновски, Беркај Шаини;
Резерви: Oнур Бешир, Лука Атанасовски, Андреј Мурџевски, Златко Радески, Еранд Зиба, Шефир Мендерез, Каменчо Андоновски, Бобан Кузмановски, Стефан Антонијев;
Предводник: Драган Начевски;
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Автомобили22 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили23 часа
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин23 часа
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон