Спорт
УЕФА ја казни Унгарија со три натпревари на репрезентативни игри пред празни трибини, а ќе плати и 100.000 евра за навреди
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2021/05/uefaevropa_liga.png)
Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни Унгарија денес со три натпревари на репрезентативни игри пред празни трибини. Унгарија беше казнета, како што се наведува во соопштението, за „дискриминаторско однесување на своите навивачи“ за време на трите натпревари на Европското првенство.
Унгарскиот фудбалски сојуз исто така ќе треба да плати 100.000 евра. Француските фудбалери се пожалија дека биле навредени од расна основа за време на дуелот меѓу двете репрезентации на 19 јуни во Будимпешта.
Исто така, беа земени предвид хомофобични транспаренти што приврзаниците на Унгарија ги истакнаа за време на дуелот од првото коло помеѓу Португалија и Германија.
Спорт
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2021/12/ffm-paneli-1.jpg)
ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”, со почеток во 13 часот ќе одржи извлекување на паровите за новата натпреварувачка созона 2024 2025 во Прва МФЛ.
Спорт
Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/451100263_511976064601406_5749018254531250649_n.jpg)
После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07 со почеток од 20:00ч ќе се сретнат следните екипи:
- Куќа на Мијаците – Гранд Истамбул (Лажани)
- Pecenjara Ljajce Тетово – Joxana DH
- Мајстори 1 – Куќа на Мијаците
- Pecenjara Ljajce Тетово – Аква Терм (Лисичани)
Петок, 26.07
- Вранештица – Роденденски Пињати (Кичево)
- Мајстори 1 – Напредок
- Кеди Дизајн ANN Energy – Аква Терм (Лисичани)
- Лисичани – Напредок
Сабота, 27.07
- Гранд Истамбул (Лажани) – Лисичани
- Pecenjara Ljajce – Тетово – Вранештица
- Joxana DX – Кеди Дизајн ANN Energy
- Pecenjara Ljajce – Тетово – Роденденски Пињати (Кичево)
Недела, 28.07
- Joxana DX – Вранештица
- Pecenjara Ljajce – Тетово – Кеди Дизајн ANN Energy
- Joxana DX – Роденденски Пињати (Кичево)
- Вранештица – Кеди Дизајн ANN Energy
Ние како генерален медиумски покровител на овој спектакуларен настан уште еднаш ве покануваме заеднички да ги проследиме највозбудливите двојки кои ќе ги донесат можните победници на турнирот, а тоа не би било така добро, ако нема покрај нас највкусна храна на скара, приредена од одличните мајстори кои во континуитет долги години се број 1 во својот занает.
Се гледаме, спортски поздрав!
Спорт
ФФМ го одржа првиот дел од редовниот летен семинар за асистенти судии и контролори за македонскиот фудбал, презентирана беше промената на услови за судење, која беше применета во ЕВРО 2024
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/02/sudii-ffm-25.jpg)
Непосредно пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2024/2025, како и секоја година, Фудбалската федерација на Македонија во Кичево од 19 до 21 јули го организираше првиот дел од редовниот летен семинар за судии и контролори за натпреварите од македонскиот фудбал. Првиот дел од семинарот беше насочен за асистенти судии и контролори од единствената листа во рамките на Прва и Втора МФЛ.
Првиот ден од семинарот започна со стручно – едукативно предавање од ПФИ програмата кое го одржаа Димитар Мечкаровски, Марјан Ристевски и Емил Божиновски. Беа повикани вкупно 42 контроли, а на семинарот присуствуваа 37.
Вториот и третиот ден од семинарот беа резервирани за асистентите судии кои полагаа тестови од правилата на фудбалската лига, а на крајот се одржа и полагање на физички норми.
На овој семинар исто така беше презентирана и новата промена околу условите и критериумите на судењето, која беше применета и на неодамна завршеното Европско првенство во Германија.
Новото правило околу судењето на фудбалската игра гласи:
„Само на капитените на тимовите ќе им биде дозволено да комуницицираат со судиите“
Судиите сега имаат отворена линија на дијалог со тимовите во објаснувањето на клучните одлуки и одлуките кои произлегуваат ов ВАР технологијата ( во натпреварите каде Вар технологијата е активна). Објаснувавањето на донесените одлуки им се дава исклучиво само на капитените на тимовите, кои се единствените играчи на теренот кои имаат право да разговараат со судијата и да бараат објаснување на одредена ситуација на респектабилен начин.
Капитените на клубовите имаат и превземаат одговорност, барајќи од своите соиграчи да ги почитуваат судиите, да држат дистанца и да не ги опкружуваат судиите по донесувањето на одлука за време на натпреварот.
Во ситуација во која капитен на екипата е голман, а е далеку од акцијата, како што е во повеќето случаи, тимовите имаат обврска да назначат играч кој ќе биде овластен да комуницира со главниот судија, за да добие објаснување за одредена ситуација.
Играчите кои нема да се придружуваат до ова правило, ќе бидат казнувани со дисциплинкса мерка.”
Следниот викенд на програмата е вториот дел од семинарот, на кој ќе присуствуваат главните судии и ФИФА асистенти судии од единствената лиса на Прва и Втора МФЛ, известуваат за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 јули)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за сабота (27 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
-
Македонија1 ден
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
-
Спорт2 дена
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
-
Балкан7 часа
Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола
-
Технологија1 ден
Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?