Следете не

Спорт

Сејдини во Швајцарија на итен состанок со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин

Објавено пред

на

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес престојуваше во Европската куќа на фудбалот во Нион (Швајцарија) на покана на првиот човек на УЕФА. Физичкиот напад врз нашиот претседател и последните случувања во нашата земја беа повод веднаш после натпреварот со Ерменија да биде свикан итен состанок од претседателот на УЕФА Александар Чеферин, а по добиените информации од УЕФА за политичко мешање во работата на Федерацијата, со што е загрозен нејзиниот интегритет.

Претседателот Сејдини, од прва рака и во детали го извести претседателот на УЕФА за настанатата ситуација а УЕФА изрази силна поддршка за заштита на ФФМ, и нејзиниот интегритет.

Претходно (вчера), УЕФА и ФИФА заеднички испратија писмен допис до ФФМ во кој бараат закажување на состанок со претставници на владата во најскоро можно време. ФФМ веднаш го пренесе овој допис до владата на РМ во очекување на термин за бараниот состанок.

УЕФА и ФИФА се непоколебливи во нивната намера да го задржат интегритетот на фудбалот и федерацијата.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изрази искрени честитки за освеното прво место на македонската фудбалска репрезентација во групата Ц во Лигата на Нации со желби за понатамошни успеси и достигнувања, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.

Спорт

Омерагиќ: „Очекувам секогаш да судите со праведност и непристрасност“. Кичевските професионални судии со поддршка за Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ

Објавено пред

на

©ФФМ

Во рамки на денешниот ден, професионалните судии кои се дел од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево имаа работна средба во „Куќа на фудбалот“ со претседателот на ФФМ г-дин Масар Омерагиќ, кои му дадоа своја поддршка, изразувајќи задоволство за неговиот однос и доверба кон нивната силна посветеност на Фудбалската федерација, како и за обезбедувањето на одлични услови за работа, едукација и професионален развој на судиите.

„Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренери и навивачи, само со фер однос кон сите, можеме да ја зачуваме довербата во фудбалот“ – на кратко упати порака првиот човек на ФФМ, полн со ентузијазам и елан за работа.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Денес се одиграа мечеви од втората македонска фудбалска лига, утре започнува вториот дел од првата македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре недела, 16-ти февруари, започнува и вториот дел од македонската Прва фудбалска лига. Натпреварите започнуваат од 14:00 часот, а двојките за 19-то коло се ФК Силекс – ГФК Тиквеш 1930, ФК Вардар – ФК Шкендија, КФГ Гостивар – ФК Стрига ТЛ, ФК Воска Спорт – ФК Беса 1976, ФК Шкупи 1927 – ФК Работнички и ФК Пелистер – ФК АП Брера.

Имено во рамки на денешниот ден се одиграа и второлигашките двојки. Резултатите од мечевите се следни:

Вардарски – Скопје 0:3, Башкими – Борец 1:1, Охрид – Македонија ЃП 0:1, Победа – Брегалница 0:0, Беласица – Арсими 0:1, Вардар Неготино – Осогово 1:0, Каменица Саса – Кожуф 1:1, Новаци – Детонит 0:0

– Кичевските арбитри Александар Грујоски, Куштрим Лика, Зоран Јанкуловски и Марјан Дејаноски го судеа мечот Каменица Саса – Кожуф кој заврши со конечен резултат 1:1, додека како четврт судија Марјан Стојановски ќе биде дел од прволигашкиот меч на „Билјанини Извори“ во Охрид утре помеѓу екипите ФК Воска Спорт – ФК Беса 1976, каде главен судија ќе биде искусниот Јован Качевски од Струга.

Имено, фудбалските мечеви како што знаете може да се следат во живо преку јутјуб ТУКА, платформата на Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската селекција до 18 години во Скопје ќе одигра два контролни меча против БиХ, Капинковски го истакна списокот на фудбалери

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 18 година во периодот од 18-ти до 20-ти февруари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Како што известија од Фудбалската федерација на Македонија за јавноста, контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје.

Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 18-ти февруари со почеток во 13.00 часот. Втората контролна средба е закажана на 20-ти февруари на истиот стадион со почеток во 11.00 часот. Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Димитар Капинковски ги повика следните фудбалери за двата контролни дуели против БиХ:

Голмани: 
Антониј Трајковски (ФК Работнички)
Александар Трајков (ФК Брера)
Дарко Јовчев (ФК Македонија ЃП)

Одбрана:
Албан Рочи (ФК Брера)
Андреј Димовски (ФК Брера)
Стефан Стамотовски (ФК Вардар)
Христијан Јевтовски (ФК Вардар)
Мартин Џангаровски (ФК Македонија ЃП)
Назиф Цека (ФК Шкендија)
Стефан Секирски (ФК Беласица)
Мухамед Мустафи (ФК Сент Гален, Швајцарија)
Матео Кесиќ (ФК Бродарац, Србија)

Среден ред: 
Иван Танчев (ФК Брера)
Давид Ангелевски (ФК Пелистер)
Лорент Жаку (ФК Воска)
Александар Грашевски (ФК Њу Старс)
Ненад Дамјановски (ФК Домжале, Словенија)

Напад:
Марковски Иво (ФК Вардар)
Дитмир Хоџа (ФК Воска)
Флорент Османи (ФК Шкендија)
Бленди Ганиу (ФК Шкупи)
Стефан Бранковски ( ФК Марибор, Словенија)
Малик Дурак (ФК Венеција, Италија)
Дамјан Буцевски (ФК ИМТ, Србија)

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Омерагиќ: „Очекувам секогаш да судите со праведност и непристрасност“. Кичевските професионални судии со поддршка за Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ

Во рамки на денешниот ден, професионалните судии кои се дел од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево имаа работна средба во „Куќа...

Кичево5 часа

ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи...

Lifestyle6 часа

Како да ги одржувате вашите банани свежи подолго? Не ги ставајте на ова место

Ставањето зрели банани во фрижидер може да го одложи процесот на презревање. Иако многу луѓе мислат дека бананите секогаш треба...

Lifestyle6 часа

Како секојдневното консумирање на маслиново масло влијае на организмот

Маслиновото масло е познато по своите здравствени придобивки, без разлика на целокупниот квалитет на исхраната. Според едно истражување, редовната консумација...

Lifestyle6 часа

Киселата вода и вашето здравје – предности и недостатоци

Киселата вода, позната како „шампањ на водите“, е популарен освежителен пијалок кој често се консумира како замена за газираните сокови....

Автомобили6 часа

Peugeot размислува за враќање на GTi – но во електрична верзија

Peugeot би можел да го оживее моделот 208 GTi како електричен спортски автомобил, откри новиот извршен директор на француската марка,...

Магазин6 часа

Instagram тестира копче „Dislike“ – еве како ќе функционира

Instagram воведува нова опција што им овозможува на корисниците да изразат негативно мислење за коментарите под објавите и Reels видеата....

Магазин6 часа

Apple Maps ќе воведе реклами – промена што може да ги налути корисниците

Apple планира да воведе реклами во својата услуга Apple Maps, слично како што веќе направи Google Maps. Оваа промена би...

Lifestyle6 часа

Што е целосен протеин, зошто му е потребен на телото и која храна го содржи?

Целосниот протеин не е само тренд, туку клучен дел од здравата исхрана. Тој ги содржи сите девет есенцијални амино киселини:...

Магазин7 часа

Сè уште најпопуларен: Windows 10 го користат речиси 50% од играчите на Steam

И покрај најавениот крај на поддршката од Microsoft, Windows 10 останува доминантен оперативен систем меѓу корисниците на Steam. Microsoft планира...

НАЈЧИТАНИ