Следете не

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за „УЕФА Б“ курс.

Објавено пред

на

©ФФМ

Едукативниот центар при ФФМ вчера официјално објави за отворен конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Б курс. За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот онлајн прашалник кој е отворен до 18.10.2024По овој датум, прашалниците автоматски стануваат неактивнии конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.

Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА Б курс.

Кон пополнување на пријавата зависно за кој едукативен курс аплицирате може да се пристапи на соодветниот линк подолуа истиот ги содржи и датумите за одржување на курсевите: https://forms.office.com/e/6QZ9EqC0X2- Линк за пријава на УЕФА Б курс (Модул 1 10-16.11.2024 / Модул 2 Февруари или Март 2025)

За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следниот е-маил: [email protected].

Во прилог основните критериуми за учество за „УЕФА Б“ курсот – ТУКА

Пред пополнување на пријавата, добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Б курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.

Спорт

Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Објавено пред

на

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста.

Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.

Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе.

Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.

– Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.

Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија.

– Се гледаме во вторник на Националната арена, за јавноста истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, после победата во гости на нашата селекција против Лихтенштајн од 0:3.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Објавено пред

на

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн

#НапредМакедонија 🇲🇰
#ГордиПодСонцето ☀️
#ХрабриВоСрцето 🇲🇰

Прочитај повеќе...

Спорт

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/facebook/fkpelister

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.

Преку социјалните мрежи ги повикуваат сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Цена на билетот: 200 денари

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија...

Спорт6 часа

Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн #НапредМакедонија 🇲🇰 #ГордиПодСонцето ☀️ #ХрабриВоСрцето 🇲🇰

Македонија8 часа

Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода...

Култура11 часа

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост,...

Временска прогноза22 часа

Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24...

Спорт23 часа

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло...

Македонија1 ден

(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се...

Спорт1 ден

Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати

Утре македонската „А“ фудбалска селекција ќе го одигра првиот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2026....

Автомобили1 ден

Дали знаете за што служи ова копче во автомобилот? Повеќето луѓе го користат погрешно

Со порастот на температурите, вклучувањето на клима уредот во автомобилот станува неопходно. Сепак, многумина не добиваат брзо и ефикасно ладење...

Магазин1 ден

Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?

Иако денес киселото млеко лесно се наоѓа во продавниците, вкусот на домашното кисело млеко не враќа во детството. Процесот на...

НАЈЧИТАНИ