Спорт
Македонската фудбалска репрезентација вчера забележа победа против Ерменија и го бетонира првото место во групата

Македонија вчера славеше во Ереван против Ерменија со 2:0 за печат на перфектниот октомври. Бојан Миосвски и Исник Алими беа стрелци на головите за нашата најдобра селекција. Македонската репрезентација одигра тактички перфектно во најголем дел од мечот против Ерменија, а во првиот момент кога почувствува пад и слабост кај домаќиниот, ладнокрвно зададе два удар и ги освои трите бода во Ереван.
Селекторот Благоја Милевски направи добри измени во вториот дел и тоа придонесе подобар проток на топката во последната третина, па во таква ситуација, видовме и два мајсторски погодоци за огромни три бода во Ереван.
Со погодоците на Бојан Миовски и Исник Алими, Македонија сега дојде на чекор од историски пласман во Лигата Б во Лигата на нации, но истовремено се избори и за историски успех во едни квалифиакции.
За првпат од нашето постоење, Македонија врза три победи во низа без да прими ниту еден гол, бидејќи покрај денешната победа против Ерменија, против истата селекција славевме пред еден месец на домашен терен (2:0), но и против Летонија во четвртокот (0:3).
Македонија има 10 бода, шест повеќе од Ерменија и Летонија. Само теорија може да не остави без првото место во групата.
Милевски на прес конференцијата исто така упати јасна порака до челниците на фудбалските клубови:
– „Овие момци се вистинска гордост, се вид тоа најдобро низ овие три претходни натпревари во Лигата на нации колку се вистински фудбалски големи. Преку овие свои настапи испраќаат пораки и сигнали до своите тренери во клубовите каде играат, добро да увидат што имаат во своите редови. Од 11 првотимци, па да не претеруваме можеби девет немаат минутажа во своите клубови, но на секој натпревар во репрезентацијата демонстрираат што знаат и умеат. Затоа ќе повторам, навистина и не се нормални. Знам дека некогаш сум тежок во своите очекувања, желби и барања од нив, што, пак, најдобро го знаат и моите во семејството… Но, знам и колку овие момци знаат дека на тој начин само заеднички го бараме само најдоброто за Македонија и македонскиот фудбал“
Спорт
ФФМ и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјално партнери, Јандреоски: „Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.
Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.
Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.
Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.
Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.
Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.
Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска
Селектор: Катерина Милеска
Извор: ФФМ
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија го истакна својот најнов партнер и соработник

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.
Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.
Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.
– „Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“ – истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис на ФФМ во продолжение ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (18 април)
-
Кичево22 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Македонија2 дена
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Хроника21 час
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа
-
Култура1 ден
„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден
-
Автомобили2 дена
(ВИДЕО) „Lexus“ ќе го претстави целосно новиот „ES“ на саемот за автомобили во Шангај
-
Македонија23 часа
МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници