Кичево
Традиционален меморијален турнир во мал фудбал „Миле Гиноски-Гина“ во с.Пополжани – кичевско (24 јули 2021)

По повод 20 години од загинувањето на нашиот кичевски бранител од 2001 година – „Миле Гиноски-Гина“, во с.Пополжани традиционално се организира меморијален турнир во мал фудбал.
Турнирот е со официјален старт на ден 24.07.2021 сабота после 16:00 часот – на игралиштето во с.Пополжани, додека влечење на екипите е закажано ден порано на 23.07 петок во Ресторан „Мерак“ во 19:00 часот.
Традиционалниот фудбал ќе се игра 6+1 на мек терен со спортски патики. Учество на екипа 1000 денари. Настанот ќе има вредни награди заедно со средставата за учество.
Официјални лица за контакт:
Ивица – 078/202-921
Јовица – 072/536-425
Настанот е помогнат од следните спонзори:
Медиумски покровители: Порта.МК, Радио „Акорд“ и Радио „Александар Македонски“
- Ресторан „ЛУНА“, АTVA Residence, АТВА Маркети, Bacardi Lounge Bar, Snack Bar „Bronx“, Masterplast, маркет „Андроко“ , Мезе Бар „Авенија“, Ресторан „Мерак“, „Дар-Дар Грил“, Книжарница „Киже“, „City Caffe“, Пиљара „Ѓеро“, Ресторан „Линди“, Автоделови „Делта“ , Автоделови „Пупо“, „Бистра“ Рибник с.Добреноец
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
Кичево
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската населба „Девеана“. Се запалила гаража и помошна просторија со дрва, која за среќа причинета е само материјална штета, превозно средство и покуќнина.
За Порта.мк вработените сведочат дека пожарот бил од сериозен карактер, бидејќи истиот се ширел брзо, према станбените куќи.
-
Кичево1 ден
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Кичево15 часа
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Временска прогноза14 часа
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија2 дена
На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола
-
Временска прогноза2 дена
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Скопје14 часа
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место