Спорт
OG сè уште ја брани титулата на The International 10

Актуелниот двократен The International шампион го фати последниот воз за TI10 по победата со 3-2 против Tundra Esports во финалето на европските квалификации во трилер-финалето.
OG не се прославија во тековната сезона во која завршија само на 35. место на списокот Dota Pro Circuit, поради што мораа да бараат начин до The International преку најтешките регионални квалификации, во кои Dota 2 e-sport учествуваа великани како Team Nigma, Team Liquid, Tundra Esports, Vikin.gg и многу други.
Квалификациите започнаа успешно за OG, кој најпрво ги победи Vikin.gg, а потоа и Team Nigma, пред да биде запрен од Тundra Esports во финалето на победничкиот бараж.
Екипата предводена од ветеранот Адријан „Фата“ Тринкс стигна до големото финале без да загуби натпревар, а OG им се придружи таму откако уште еднаш го совладаа тимот на Nigma во финалето на загубениот бараж.
OG имаше исклучително тешка задача да го победи покоординираниот тим на Tundra. Двапати водеше Tundra Esports, двапати OG се врати и конечно во решавачкиот петти натпревар, што беше и најкраткиот од сите пет што ги гледавме во финалето, тие успеаја да дојдат до голема победа.
Одличниот Suma1L играше 14-0-10 со Templar Assassin во петтиот натпревар покажувајќи колку сака конечно да постигне успех со тимот на OG.
Со ова се комплетира и списокот на учесници на јубилејниот десетти Интернационал
Покрај 12-те најуспешни тимови на DPC (Evil Geniuses, PSG.LGD, Virtus.pro, Quincy Crew, Invictus Gaming, T1, Vici Gaming, Team Secret, Team Aster, Alliance, Beastcoast и Thunder Predator) тие се квалификуваа како победници на регионалните квалификации за Undying, SG е-спортови, OG, Team Spirit, Elephant и Fnatic.
The International 10 ќе се одржи во Букурешт од 7 до 17 октомври, а екипите ќе се борат за вкупен награден фонд од 40 милиони долари.
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Спорт1 ден
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (17 октомври)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за сабота (18 октомври)
-
Македонија1 ден
Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција
-
Временска прогноза1 ден
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²
-
Македонија1 ден
МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“