Следете не

Македонија

Денеска 1,074 нови случаи на Ковид-19 информираат од МЗ, додека за жал починати се 24 лица како последица од Короанавирусот

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19, информираат од министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Починати се уште 24 лица.

Во Скопје – 357, Гостивар и Тетово – по 155, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга – 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по 9, Радовиш, Валандово и Кратово – по 8, Богданци – 6, Берово и Македонски Брод – по 5, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 291 оздравен пациент од: Скопје – 81, Гостивар – 80, Тетово – 38, Кичево – 32, Куманово и Дебар – по 12, Радовиш – 7, Битола и Струмица – по 6, Кавадарци и Валандово – по 3, Прилеп, Штип, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Велес, Крива Паланка и Виница – по 1.

Пријавени се 24 починати лица: по 6 починати лица од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г), 5 починати лица од Куманово(59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г), 2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 7.571 тест преку: ИЈЗ-289, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-114, ЦЈЗ Прилеп-73, ЦЈЗ Тетово–178, ЦЈЗ Куманово–86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-144, Авицена-532, Биотек-394, Систина-129, лабораторија Лаор-612, Синлаб-62, Ремедика-25, Плодност–60, Генеа -5, Никоб лаб-927, ВФВ Медикал-65, Ели Медика-94, Ројал Медика – 104, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.466.

Македонија

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција

Објавено пред

на

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300 евра. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција.

Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“

Објавено пред

на

©porta.mk

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.

Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Во текот на изборниот ден, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес, известија од МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

Објавено пред

на

©porta.mk

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (18 октомври)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

Македонија12 часа

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300...

Спорт14 часа

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот...

Македонија15 часа

МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности...

Временска прогноза15 часа

Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (17 октомври)

ОВЕН Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна....

Македонија1 ден

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“...

Технологија2 дена

„Google Wallet“ добива нова функција која ќе го олесни користењето на дигиталните пропусници, картички за лојалност и билети

„Google Wallet“ добива нова функција која им овозможува на корисниците поедноставно користење на нивните дигитални пропусници, картички за лојалност, билети...

Здравје и убавина2 дена

Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот

Многу луѓе кога ќе тргнат на одмор се соочуваат со непријатности во дигестивниот систем. Промената на климата, исхраната и околината...

Македонија2 дена

18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески...

НАЈЧИТАНИ