Следете не

Спорт

Милевски го објави списокот со фудбалери за септемвриските квалификации, вели: „Се радувам на првиот собир. Целосно сме фокусирани на Ерменија“

Објавено пред

на

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари на македонската репрезентација за пласман на Светското првенство 2022 година.

Нашата најдобра селекција на 2. септември ќе се соочи со Ерменија на домашен терен, на 5. септември гостуваме во Исланд, а септемврискот прозорец од квалификациите за СП го затвораме на 8. септември на Националата арена „Тодор Проески“ во натпревар против Романија.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„Одлучив на овој собир да ги повикам фудбалерите кои имаат собрано големо искуство во националниот тим. Во тимот се повикани и неколку повратници, како и тројца дебитанти. Се радувам на овој собир, со нетрпение ја очекувам повторната средба со голем дел од фудбалерите кои беа дел од репрезентацијата до 21 година. Максимално сме фокусирани на првиот натпревар против Ерменија. станува збор за квалитетна репрезентација која и на минатите средби од Лигата на нации покажа дека е силен ривал со квалитетен селектор“.

„Искрено жалам што нема да го имаме на располагање во составот Аријан Адеми за септемвриските квалификации. Во комуникација со него и Динамо Загреб, заеднички одлучивме дека најважно е здравјето на играчот, да се опорави целосно од повредата и подготвен да го имаме на располагање во октомври. Бобан Николов минатата недела беше позитивен на Ковид-19, во очекување сме на неговото следно тестирање, се надевам дека ќе го имаме во составот“.

„Верувам во квалитетите и потенцијалот што го поседува Адис Јаховиќ, ќе биде од голема важност за тимот во нападот, по заминувањето на Пандев, Тричковски и Велковски. Сега се наоѓаме во некоја транзиција и делумно подмладување и сигурен сум дека момците ќе дадат сѐ од себе за да го надополниме тој минус што овие тројца го оставаат зад себе“.

„Во репрезентацијата се одлучив да ги повикам Александар Трајковски и Ѓоко Зајков, фудбалери кои немаат настапи во клубовите, меѓутоа имаат големо искуство кое ќе ни биде потребно за септемвриските квалификации. Бејтулаи е на поширокиот список, но моментно на таа позиција на која го планирам, како десен бек, во моментов Стефан Ристовски и Тодор Тодоровски се во подобра форма. Но, тоа не значи дека јас се откажувам од него, а иста е ситуацијата и со Влатко Стојановски. Не се откажувам од нив, ниту имам право да се откажам од нив, но ако не се најдат на овој список сега, не значи дека ќе ги нема и во октомври. Сепак, од нив зависи во каква форма ќе бидат“.

Селекторот Милевски повика 26 фудбалери за трите мечеви. Тодор Тодоровски, Никола Серафимов и Бојан Миовски за прв пат добиваат повик во А репрезентацијата. Повратници во тимот се Адис Јаховиќ, Никола Ѓорѓев и Дејан Илиев. Поради повреда сеуште е неизвесно доаѓањето на Аријан Адеми, а под знак прашалник е приклучувањето на тимот на Бобан Николов.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Ристе Јанков (Работнички);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов * (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми * (Динамо Загреб, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија);

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 29. август во хотел „Хилтон“ во Скопје. Првиот тренинг според програмата е на 30. август во 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Спорт

Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Vienna Reyes

Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.

Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.

Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.

Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.

– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.

Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.

Прочитај повеќе...

Спорт

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Објавено пред

на

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.

Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.

Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.

Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“

Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!

Прочитај повеќе...

Спорт

Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика

Објавено пред

на

©porta.mk

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:

– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.

Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.

Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.

Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.

Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за четврток (11 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да започнете нова работа во која би ги уклучиле и некои...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили15 часа

Германија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година

Германија во 2026 година ќе забележи значителен раст на електричната мобилност. Според проценките на Националното здружение на автомобилската индустрија (VDA),...

Фото: Gurth Bramall @ unsplash Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Lifestyle15 часа

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин15 часа

Samsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година

Samsung One UI 8.5 пристигнува со освежен изглед инспириран од стилот на Liquid Glass интерфејсот на Apple — со позаоблени...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин15 часа

YouTube го уредува фидот на почетната страница

• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова...

Технологија16 часа

„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг

Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот...

Македонија17 часа

ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија1 ден

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија2 дена

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

НАЈЧИТАНИ