Следете не

Спорт

Реал Мадрид нуди 160 милиони евра за Мбапе

Објавено пред

на

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја испрати првата понуда од 160 милиони евра за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, објавија денеска шпанските медиуми.

ПСЖ веќе неколку месеци преговара за продолжување на договорот со 22-годишниот играч, кој дојде во парискиот клуб во 2017 година за 180 милиони евра.

Договорот на Мбапе со клубот истекува во јуни следната година, и доколку остане во ПСЖ без продолжен договор, следната година би можел да замине како слободен играч.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, за време на доаѓањето на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, рече дека Мбапе „сега нема изговор да направи нешто друго освен да остане“.

Мбапе постигна гол во првите три кола од новата сезона во францускиот шампионат, и забележа две асистенции.

Извор: Novimagazin
Фото: AP Photo/Francois Mori

Спорт

ФФМ и општина Аеродром: Да започнеме проект кој ќе биде обележје на едно време

Објавено пред

на

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу во „Куќа на фудбалот“ имаа работна средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и шефот на кабинетот на градоначалникот во општината, Марјан Христов.

На состанокот разговараа за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.

Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:

–  „Би сакал да упатам благодарнот до градоначалникот Муцунски за конструктивниот разговор. Инфраструктурата е секогаш важна. Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат. 

Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време. 

Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина“.

Тимчо Муцунски – градоначалник на општина Аеродром:

–  „Фудбалската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво, вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа. 

Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“. 

Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за изградба на репрезентативен стадион во општина Аеродром и во блиска иднина верувам дека ќе започнеме со активности. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Новак ќе биде депортиран од Австралија

Објавено пред

на

Според последните информации на репортерот на РТС од Мелбурн, Ѓоковиќ ќе мора што поскоро да ја напушти Австралија, а се очекува тоа да биде за неколку часа.

Судењето беше префрлено на Федералниот суд, а за судбината на Ѓоковиќ одлучуваше судиското трио Дејвид Џон О’Калаган, Џејмс Алсоп и Ентони Бесанко.

Така што Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

Ѓоковиќ исто така се соочува и со тригодишна забрана за влез на австралиска територија, што би значело и крај на неговите настапи на турнирот во Мелбурн, каде што досега има девет победи.

Новак Ѓоковиќ беше третиран во изминатата недела, во која траеше сагата со неговата депортација. Србинот по одлуката на судот даде само куса изјава.

– „Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во секој момент се чека пресуда за Ѓоковиќ, доколку биде ослободен во понеделник игра прв меч

Објавено пред

на

Во секој момент се очекува конечната одлука за тоа дали ќе биде одбиена визата и одбиен престој во Австралија.

Доколку жалбата успее и Новак победи на суд, тој би можел да остане и да игра на Австралија Опен.

Во спротивно, ќе биде депортиран и ќе му биде забранет влез во Австралија во следните три години.

Инаку Ѓоковиќ доколку евентуално биде ослободен во понеделник од 10:30 часот во Род Лејвер Арената ќе го одигра својот можен меч со Кецмановиќ.

Како што претходно објавивме линк во живо, ситуацијата, доказите и разврските околу судењето се дискутираа цели 5 часа

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (22 јануари)

ОВЕН Набрзина донесувате одлука што не ви го нуди вистинското решение. И покрај тоа што знаете дека работите не одат...

Социјални мрежи8 часа

Што се случува во „Twitter“ – отпуштени двајца клучни луѓе за безбедноста на социјалната мрежа

Твитер остана без двајца главни луѓе, кои се задолжени за безбедноста на популарната социјална мрежа. Имено компанијата го отпушти Петер...

Македонија10 часа

Денес 2,071 нов случај на Ковид-19 од 6,010 тестови..

Во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19: • Скопје – 1.047...

Македонија12 часа

МЗ со предлог за намалување на ковид изолацијата од 10 на 7 дена

На состанокот на Комисијата, денеска, не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со...

Скопје14 часа

Пријавен грабеж во скопскиот црковен храм „Константин и Елена“

На 20.01.2022 во 09.40 часот било пријавено дека во временскиот период од 14.01. до 18.01.2022 на ул.„Македонија“ во црквата „Константин...

Македонија15 часа

Најнови информации за патниот сообраќај, поради снег забрана за ТТВ и за Струга – г.п Ќафасан

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови...

На денешен ден24 часа

На денешен ден: 21 јануари

793 – Францускиот крал Луј XVI е погубен на гилотина. Тој беше соборен од Револуционерната конвенција во септември 1792 година,...

Македонија24 часа

Поради врнежи од снег воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово.

Од 4:50 поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар...

Македонија24 часа

Внимание во сообраќајот поради ниските температури застапена е голомразица по патиштата

За денес се најавени пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за (21 јануари) – петок

ОВЕН Ова ќе биде релаксиран работен ден во однос на претходните. И понатаму трошите многу енергија на најразлични договори и...

НАЈЧИТАНИ