Спорт
Канатларовски го објави составот од македонската селекција до 21 година

Македонската репрезентација до 21 година на почетокот на септември го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. Нашата селекција првите два натпревари ќе ги одигра против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.
Новиот предводник на нашата млада репрезентација, Драги Канатларовски за двата меча од квалификациите за ЕП ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П. 1932);
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Пелистер), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Бесник Ферати (Академија Пандев), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Јован Манев (Брегалница);
Средина: Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Лука Трајковски (Борец);
Напад: Стефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);
Драги Канатларовски – селектор на македонската репрезентација до 21 година:
– Нов почеток и за мене и за фудбалерите. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со фудбалерите. Оваа генерација започнува нов квалификациски циклус и навистина задоволството и честа да ја предводам се големи, исто како и нашите очекувања од квалификацискиот циклус.
– На списокот се повикани во моментот најдобрите фудбалери со кои располагаме. Еден од главните услови за да бидат во репрезентацијата е стандардно да настапуваат во своите клубови.
– Нѐ очекуваат два тешки меча против Франција, тим кој е апсолутен фаворит во групата и домашниот натпревар со Србија, репрезентација која располага со многу квалитетни млади фудбалери.
– Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреаврите и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари.
Во стручниот штаб на селекцијата до 21 година се вклучени Шкумбин Арслани и Драган Начевски како помошници на селекторот Канатларовски. Тренер на голмани е Зоран Мицевски, а кондициски тренер Сашо Вељановски. Никола Зердески е тим менаџер во Македонија до 21 година.
Собирот на македонската репрезентација е закажан на 29. август (недела). Првиот тренинг е в недела од 18:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје11 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Временска прогноза18 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (6 јули)