Македонија
57 нови случаи и 3 починати лица од Кичево, вкупно новозаболени 1082
Во последните 24 часа се направени 5.982 тестирањe, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 406
• Куманово – 93
• Тетово – 87
• Гостивар – 72
• Струмица – 70
• Кичево – 57
• Прилеп и Велес – по 32
• Кавадарци, Охрид и Струга – по 24
• Битола – 23
• Штип – 21
• Радовиш – 18
• Ресен – 15
• Кочани – 14
• Гевгелија и Делчево – по 9
• Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 7
• Дебар – 6
• Македонски Брод – 5
• Неготино и Кратово – по 4
• Валандово – 3
• Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 2
• Богданци,Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се 27 починати лица: 7 починати лица од Скопје (84г,79г,78г,67г,67г,66г и 60г), 6 починати лица од Тетово (85г,76г,74г,73г,69г и 60г), 5 лица од Гостивар (72г,69г,65г,61г и 47г), 3 лица од Кичево (48г,46г и 45г), по едно починато лице од Куманово (74г), Прилеп (57г), Охрид (52г), Штип (79г), Струмица (70г) и Македонски Брод(71г). Од починатите лица 26 се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 492 оздравени пациенти од:
• Скопје – 139
• Тетово – 89
• Гостивар – 85
• Куманово – 38
• Струмица – 30
• Кичево – 25
• Берово – 15
• Штип и Кочани – по 10
• Битола – 9
• Радовиш – 7
• Прилеп – 6
• Валандово – 5
• Кавадарци и Дебар – по 4
• Делчево – 3
• Охрид, Ресен, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2
• Велес, Гевгелија, Свети Николе, Кратово и Пехчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи изнесува 13.235
Македонија
МВР со детали за нападот во редакцијата „Инфомакс“, напаѓачот бил лице претходно спроведувано во Психијатриска болница
Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23:45 часот од страна на А.М. водител на емисија на порталот Инфомакс, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник С.Ј. а биле присутни и водителот М.Н. и камерман.
Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница Бардовци.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството за внатрешни работи и во иднина брзо и неселективно ќе ги санкционира сите случаи на напади на новинари или друго нарушување на јавниот ред и мир и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Претходно и ЗНМ истакна соопштение околу овој случај кое гласи:
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата.
Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на емисијата. Напаѓачот започнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време, успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на редакцијата. Во моментот кога екипата направила пауза од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол да провери што се случува. Напаѓачот, продолжил да се движи кон другиот дел од објектот, каде што со сила искршил уште една врата обидувајќи се да стигне до студиото
Според сведочењата нa колегите, лицето упатувало навреди и закани по живот, а насилното упаѓање во редакцијата довело и до насилно прекинување на емитувањето на програмата, со што директно било спречено новинарите да ја вршат својата професионална должност и слободно да информираат.
Ваквото однесување, може да биде опфатено со одредбите од член 382 од Кривичниот законик Спречување службено лице во вршење службено дејствие, со предвидени казни до три години затвор, со оглед дека напаѓачот насилно упаднал во студиото, кршел инвентар и насилно ја прекинал работата на новинарите а со тоа и нивната обврска слободно да информираат.
Овој инцидент претставува сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и директен напад врз слободата на изразување. Настанот уште еднаш ја потсетува јавноста и институциите на неопходноста од обезбедување безбедна и заштитена средина за работа на медиумите.
Бараме најстрога санкција за сторителот, со цел спречување на идни напади и нулта толеранција кон насилство врз новинари.
Очекуваме сите надлежни институции, вклучително и полицијата и обвинителството, да постапат професионално, ефикасно и без одлагање, со цел случајот целосно да се расчисти во најкус можен рок.
ЗНМ ќе продолжи внимателно да го следи случајот и ќе реагира секогаш кога е загрозена безбедноста на новинарите и медиумските работници.
Македонија
Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т. (38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини.
По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Македонија
ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 01.12.2024 до 15.05.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место негувател.
Со наведеното дејствие, пријавената овозможила лицето да се стекне со имотна корист од 164.824 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Извор: МВР
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (11 декември)
-
Македонија2 денаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Lifestyle2 денаЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Временска прогноза16 часаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Технологија2 дена„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили2 денаГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Хороскоп2 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Магазин2 денаSamsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година
