Следете не

Спорт

Милевски и Ристовски: Веруваме во нашиот квалитет. Сите конкурираат за првиот состав

Објавено пред

на

На Националната арена „Тодор Проески“, селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Ерменија за пласман на СП 2022.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

– Пред се сакам да ја искажам мојата благодарност до Пандев, Тричковски, Велковски кои веќе не се дел од репрезентацијата, а дадоа многу. Неминовно беше одредено освежување на тимот, иако голем дел од составот го сочинуваат фудбалери кои веќе беа тука. Сета наша концентрација е насочена кон тоа да функционираме како тим. Времето е кратко, но тоа што го видов од момците ми дава за право да бидеме позитивни.

– Оптимист сум, иако немавме доволно време да ги пренесеме сите наши замисли и идеи. Но, верувам во фудбалерите и во нивниот професионализам. Тие се добри карактери и се адаптираат на сите нови замисли.

– Периодот е специфичен, многу од фудбалерите сеуште го немаат правиот натпреварувачки ритам, или имаат мала минутажа во своите клубови, тоа може да биде наш проблем, но затоа се освежувањата во тимот. Знам дека ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука.

– За сите тактички работи не би зборувал, сите конкурираат за првите 11-ет, исто како и за формацијата во која ќе настапиме. Ерменија е доста квалитетен тим, се гледа одличната работа на селекторот. Против Шведска и Хрватска одиграа одлични контролни натпревари, имаат три победи во групата и тоа доволно зборува за силата на противникот.

Стефан Ристовски – капитен на македонската А репрезентација:

– Сакам да се заблагодарам јавно на капитенот Пандев и треба да ни биде пример како да се продолжи репрезентативниот пат. Се надевам дека ќе го испратиме на вистински начин. Голема чест за мене е што сум капитен на оваа рпрезентација и благодарност до селекторот што ми ја даде довербата. Но, јас ќе кажам дека сите треба да бидеме пример како се носи дресот и да даваме максимум за својата држава.

– Фудбалот е веќе до степен да немаме многу време за размислување, кратко време за подготовки, три натпревари, имаме промени во составот, но доволно сме професионалци да продолжиме каде што застанавме. На теренот нема поделба на стари и млади. Сите треба да одговориме на предизвикот.

– Без ралика на промените доаѓаме од ЕП и мислам дека треба да гледаме позитивно и тоа да ни биде поттик за уште подобри резултати.

Спорт

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Објавено пред

на

©porta.mk

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.

Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.

Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Објавено пред

на

©porta.mk

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.

Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.

Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.

Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.

Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.

Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Објавено пред

на

©porta.mk

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.

Одиме на победа!

Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија47 минути

Денеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација

Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО). Токму на 23 октомври 1893...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за четврток (23 октомври)

Овен Не сте многу посветени и само онака ги завршувате работите. Колегите и надредените можат да ви замерат поради тоа....

Фото: nrd @ unsplash Фото: nrd @ unsplash
Магазин16 часа

Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк

Ако сакате нешто кремасто, миризливо и пријатно за ладните денови, оваа домашна крем супа од печурки е вистинскиот избор. Лесна...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин16 часа

WhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки

Популарната апликација за пораки WhatsApp воведува нова мерка за борба против спам, со која ќе се ограничи бројот на пораки...

Фото: Hydra 4x @ unsplash Фото: Hydra 4x @ unsplash
Lifestyle16 часа

Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите

Мувлата е чест проблем во домовите, особено во текот на зимата кога во просториите се собира кондензација и влага. Таа...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин16 часа

OpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет

Компанијата OpenAI го претстави својот прв веб-прелистувач под името ChatGPT Atlas, правејќи голем чекор кон спојување на интернетот и вештачката...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (22 октомври)

Овен Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро. Имате потреба...

Фото: Dominik @ unsplash Фото: Dominik @ unsplash
Lifestyle2 дена

За само 10 минути, вашите фуги ќе блеснат како нови: трик што ја враќа белината без многу трошок

Со текот на времето, фугите меѓу плочките потемнуваат, стануваат валкани и тешко се чистат. Наместо да користите силни средства како...

Магазин2 дена

(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија

По дваесет и пет години враќање „на изворот“, со благослов на нашиот старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј во Бигорскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (21 октомври)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

НАЈЧИТАНИ