Македонија
Кичевчанец се бори за живот на германските клиники, неговото семејство неможе да ги подмири трошоците, да бидеме хумани!
Предмалку до нашиот портал стигна лоша информација дека нашиот сограѓанин и домаќин Никола Божиноски е во тешка здравствена состојба поради компликации од Ковид-19 и моментално е хоспитализиран во Германија.
Тешка борба во изминатите 3 недели, неговата состојба се влошува и не приклучен на респираторна машина. Покрај сите заложби на медицинските лица стигната е првата рата за неговото досегашно лекување која чини 8300 евра која истата неговото семејство неможе да ја подмири – со солзи во очите ни раскажува преку електронски пат неговиот постар син Бубе, кој е татко на едно малолетно детенце.

Драги наши читатели, кичевчани, сограѓани, кој колку може да донираме и да им помогнеме на Никола и семејството преку единствениот начин за сега:
- Комерцијална Банка
- Име презиме: Елена Султанчева / Elena Sultanceva
- Трансакциска сметка: 300007114337384
- Германска сметка од сопругата на Бубе
- Име презиме: Daniela Bozinoska
- IBAN: DE52 2519 0001 0690 0941 00
Секој денар е добредојден, господ нека не чува сите!
Македонија
МВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола.
По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани.
Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.
Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.
Македонија
Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга го лишија од слобода И.И.(45) од струшкото село Велешта затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,057 ден/кг, истакна РКЕ.
-
Македонија17 часаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија2 денаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Здравје и убавина1 денТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
-
Технологија16 часа„Google Maps“ има нова корисна функција
-
Хороскоп3 часаХороскоп за понеделник (3 октомври)
