Следете не

Спорт

Избраниците на Јакимовски од репрезентацијата до 17 години утре играат против Кипар, додека четири дена подоцна со Србија

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија од 10. до 16. септември организатор на турнир за репрезентации до 17 години.

Селекцијата предводена од селекторот Тони Јакимовски на контролниот турнир на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се соочи со младите репрезентации на Србија и Кипар.

Првиот натпревар нашите фудбалери го играат против Кипар на 12. септември со почеток во 15:00 часот. Четири дена подоцна ќе одиграме меч против Србија, исто така на терените на т.ц. „Петар Милошевски“ во 11:00 часот.

Србија и Кипар својот меѓусебен дуел ќе го одиграат на 14. септември од 15:00 часот.

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Тони Јакимовски за контролниот турнир во Скопје ги повика следните фудбалери:

Голмани: Самоил Талевски (Академија Пандев), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Бехар Серахи (Шкендија);

Одбрана: Симеон Здравковски (Њу Старс), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Андреј Аризанковски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Анес Малиќи (Шкендија), Хадис Таири (Њу Старс), Матеј Јаневски (Работнички), Давид Саботковски (Хелсинборг, Шведска);

Среден ред: Азис Јамини (Ренова), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓоргијевски (Академија Пандев), Адријан Зенделовски (Малме), Мухамед Елмас (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Зани Назифи (Шкендија), Омерфарук Сулејмани (Шкупи);

Напад: Енес Фидани (Рапид Виена, Австрија), Никола Манојлов (Работнички);

Собирот на селекцијата на Македонија до 17 години е денеска во хотел „Александар Палас“.

Спорт

Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека составот на Казахстан, во натпревар што може да биде клучен за продолжување на позитивната резултатска серија.

Еден од хероите од ремито против Белгија, голманот Столе Димитриевски, изрази очекување за силна поддршка од публиката и истакна дека тимот е целосно фокусиран на триумф.

„Нашата цел е јасна – излегуваме на терен по победа. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни дадат дополнителна енергија. Иако разликата меѓу Белгија и Казахстан е очигледна, тоа не значи дека мечот ќе биде лесен. Со помошта на нашата публика верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа за Македонија“, изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред вечерашниот дуел.

Да ја бодриме нашата репрезентација!

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.

Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.

На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.

Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.

Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Објавено пред

на

©porta.mk

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Фото: Jakub Kapusnak @ unsplash Фото: Jakub Kapusnak @ unsplash
Lifestyle4 часа

Зошто јајцата се подобар избор за појадок од житарките

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но често наутро, додека сè уште сме поспани, тешко се одлучуваме...

Фото: Thibault Penin @ unsplash Фото: Thibault Penin @ unsplash
Магазин4 часа

Netflix подготвува изненадување за претплатниците до крајот на годината

Најавата од Netflix најмногу ќе ги израдува љубителите на видео игри. Netflix, најпопуларната стриминг платформа за филмови и серии, според...

Фото: Mishaal Zahed @ unsplash Фото: Mishaal Zahed @ unsplash
Магазин4 часа

Што всушност значи буквата „C“ на етикетата на USB-C портот?

Буквата „C“ во USB-C не значи „полнење“ или „кабел“, туку се однесува само на формата на конекторот, кој е универзален...

Фото: Kerde Severin @ unsplash Фото: Kerde Severin @ unsplash
Магазин4 часа

Како да го исчистите кешот на конзолата PlayStation 5

Ако вашата конзола „кочи“, отстранувањето на старите податоци може да ѝ помогне повторно да работи непречено. Ако вашиот PS5 стане...

Македонија5 часа

МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на оваа недела граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација

Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што...

Скопје5 часа

Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката...

Македонија5 часа

МВР: Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1.502 сообраќајни прекршоци

За време на изминатиот викенд (11/12.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори...

Храна8 часа

Дали знаете дека солената храна го зголемува апетитот?

Вообичаено се смета дека јадењето солена храна ја зголемува жедта. Сепак, ново истражување спроведено во рамки на симулација на мисија...

Спорт8 часа

Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека составот на Казахстан, во натпревар што...

НАЈЧИТАНИ