Автомобили
Кими Раиконен го прославува пензионирањето продавајќи го својот модел V10
 
																								
												
												
											Кими Раиконен официјално се повлекува од шампионатот во Формула 1 оваа сезона, и тој одлучи да го одбележи овој момент со продажба на еден од неговите V10 модели на Мекларен од сезоните 2002 и 2003 година.
Оваа специјална шасија MP4-17A-06, го започна својот живот како McLaren MP4-17 машина со мерцедес ливер, дизајнирана од Адријан Њуји и многу други големи имиња во Ф1 шампионатот. Овој автомобил се натпреваруваше седум пати во текот на сезоната 2002 со Кими кој заврши трет на Гран при на Европа на Нирбургринг.
Моторот V10 со 845 КС беше дизајниран во фабриката во Илмор инженеринг, но беше пензиониран на трката за ГН на Британија во 2002 година. Кими потоа му даде на Мекларен тимот најдобар резултат сезонава, завршувајќи втор на трката за ГН на Франција.
Со уште два подиума и четврто место што следеше во овој автомобил, Дејвид Култхард повторно ја возеше шасијата 06 на третото место на трката за ГН на САД.
Кога ќе се најде на следниот аукциски настан на РМ Сотбис Св. Мориц, овој автомобил ќе го носи MP4-17 Livery од 2002 година, но тој е специјално прилагоден на спецификациите од 2003 MP4-17D, во кои се тркаше вкупно пет пати. Култард успеа да победи на трката за ГН на Австралија во ова издание.
Ништо повеличествено не може да се поседува од толку познат и успешен автомобил, кој најверојатно ќе се продаде во аукцискиот блок по проценета цена од 1,5 до 2 милиони фунти, ако не и повеќе.
Извор: Topgear
Фото: Unsplash
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
 
														Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј
 
														По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
Автомобили
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
 
														Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)
Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.
И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!
Мал дел фотографии:
- 
																	   Хороскоп2 дена Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (30 октомври) 
- 
																	   Кичево1 ден Кичево1 ден„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“ 
- 
																	   Кичево1 ден Кичево1 денЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид 
- 
																	   Хороскоп21 час Хороскоп21 часХороскоп за петок (31 октомври) 
- 
																	   Временска прогноза11 часа Временска прогноза11 часаПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани 
- 
																	   Кичево11 часа Кичево11 часаПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда 
- 
																	   Спорт2 дена Спорт2 денаЈувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот 
- 
																	   Lifestyle1 ден Lifestyle1 денСовршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда 

 
								 
 
 
 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																			 
									 
																	 
									 
																			









 
 
 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														