Следете не

Автомобили

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани уживаа во денешниот „Track Days“ во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје

Објавено пред

на

Денешниот ден го заокружуваме со автомобилизмот, имено како што најавивме во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје по втор пат се организираше „Track Days“ два дена во Кичево на добропознатата автомото стаза во склоп на АРМ.

Своја минутажа на патеката имаа и нашите членови од нашиот матичен „Car Club-Кичево“, председателот Тане Данилоски и Драган Станкоски. Што се однесува до самиот вовед на денот издвојуваме – убаво време, одличен амбиент, прекрасната публика која уживаше во супер атрактивните кружни возења, вкусна храна и ладни напитоци е она што можеше да се опише со неколку зборови. На овој настан недостасуваше нашиот пријател Кристијан Бојоски поради дефект на својот автомобил и нашиот почесен гостин од Скопје – Бојан „Боле“ Тодороски кој беше исто така оправдано отсутен поради здравствени причини.

Пред најубавата галерија, за крај го запрашавме првиот човек на „Custom Car Racing Team“ – Мики Делев да ни ги каже импресиите од денешниот ден и плановите во иднина.

  • Упатуваме специјална благодарност до сите кои учествуваа, домаќините од Кичево на чело со Александар Трајаноски кои се потрудија на максимално ниво да го одржуваат редот и безбедноста на патеката како и останатите структурни организации, без нив сигурно немаше да изгледа тоа така. Исто така благодарност и до вашиот тим од „Порта.мк“ кој секогаш ни дава поддршка кога доаѓаме тука и ја прави најубавата галерија. Она што пред љубителите на автомобилизмот можам да го ветам е дека до година имаме големи планови, еден од нив е да направиме „Национална Автомобилистичка Асоцијација“ за која имаме поддршка од сите македонски професионални возачи – но има време.

Денешниот ден преку нашиот објектив изгледаше вака, доколку ја пропушти вчерашната галерија посетија ТУКА:

[ngg src=”galleries” ids=”7″ display=”basic_thumbnail” images_per_page=”50″ number_of_columns=”3″ ajax_pagination=”1″]

Автомобили

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Објавено пред

на

Фото: John Matychuk @ unsplash

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги оценија сопствениците на новите сериски автомобили од 2025 година. Истражувањето за почетниот квалитет на возилата откри кои модели се најдобри, а кои најчесто разочараа.

Модерните автомобили – повеќе од превоз
Денес автомобилите не се купуваат само поради моторот, перформансите или цената. Тие се симбол на статус, исполнување на соништата и награда за успехот. Но и покрај тоа што од новите автомобили се очекува беспрекорно функционирање, истражувањето на JD Power покажа дека дефекти се појавуваат уште во првите месеци од користење.

Автомобилите со највисок квалитет
• На врвот е Lexus – 166 дефекти на 100 возила.
• Следи Nissan – 169 дефекти.
• Во топ 5 се и Hyundai (173 дефекти), Jaguar (175 дефекти) и Chevrolet (178 дефекти).

Интересно, германските марки, кои важат за најсигурни, не се најдоа на врвот.

Просекот и годинава подобрен
Во истражувањето учествувале 92.694 испитаници од САД и Европа. Просекот за возилата од 2025 година е 192 дефекти на 100 автомобили, што е подобрување во однос на лани (194 дефекти). Блиску до просекот се Porsche (188 дефекти) и Ford (193 дефекти).

Германските автомобили под очекувањата
BMW – 196 дефекти (најдобар меѓу „германците“).
Mercedes – 210 дефекти.
Audi – на дното со 269 дефекти на 100 возила.

Овие резултати изненадија многумина кои германските автомобили ги сметаат за синоним за квалитет.

Прочитај повеќе...

Автомобили

Дали би направиле место за резервно тркало?

Објавено пред

на

Фото: Nazim Zafri @ unsplash

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме на старата добра навика да го носиме во багажникот?

Производителите на автомобили се одлучуваат да го отстранат резервното тркало за да заштедат простор и трошоци. Ова, секако, често разочарува кога ќе се најдете со дупната гума, а комплетот за поправка не помага.

Дупната гума – стара мака во ново време
Нема ништо полошо од тоа да дупнете гума токму кога брзате. Без разлика дали сте пред куќа или на автопат среде ноќ, проблемот е ист. Иако живееме во 2025 година, ваквите ситуации не исчезнаа.

Еден сопственик на Tesla го сподели своето искуство на Reddit, откако неколкупати за кратко време му дупнаа гумите. Откако сфати дека комплетот за поправка е практично за еднократна употреба, реши да носи вистинско резервно тркало во багажникот. Иако му одзема простор, мирот и сигурноста му се поважни.

Зошто резервните тркала исчезнаа?
Сè повеќе производители се решаваат да понудат само комплети за поправка – шише со заптивна смеса и мал компресор. Тие заштедуваат тежина и простор, но се ефикасни само во ограничени ситуации.

• Ако дупката е преголема, смесата не помага.
• Ако оштетувањето е на страничниот ѕид на гумата, решенија нема.
• Ако гумата се одвои од бандажот – заборавете.

Без резервно тркало, многумина мораат да чекаат влечна служба, наместо за неколку минути повторно да бидат на пат.

Дали вреди да се жртвува просторот?
Од друга страна, возењето без резервно тркало носи предности:
• помалку тежина
• повеќе простор
• побрзо решение, ако заптивната смеса заврши работа

Па што велите вие? Би оставиле дел од багажникот за резервно тркало или се чувствувате безбедно со комплет за поправка и услуга за влечење?

Споделете го вашето мислење – дали некогаш немањето резервна гума ви донело нервози или непланирани трошоци?

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Перу прва во светот со старосна граница за возачки дозволи: по 80-тата година нема обновување

Објавено пред

на

Фото: Tzvika Assaf @ unsplash

Перу стана првата земја во светот што воведе старосна граница по која возачите повеќе нема да можат да ја обновуваат својата возачка дозвола. Иако оваа мерка изгледа строга, властите ја оправдуваат како неопходна за зголемување на безбедноста на патиштата и како прилагодување кон предизвиците што ги носи стареењето на населението.

Според одлуката на Министерството за транспорт и врски (MTC), возачите кои наполниле 80 години нема да имаат право на продолжување на дозволата за управување со возило. Оваа регулатива е донесена со Врховниот декрет бр. 007-2016-MTC и е насочена кон проверка на физичката и менталната подготвеност на постарите возачи.

За возачите на возраст од 70 до 80 години се воведуваат построги услови при обновување на дозволата. Тие ќе мора задолжително да поминат медицинско-психолошки прегледи, кои вклучуваат тестови за вид и слух, мерење на крвен притисок и проценка на когнитивните способности. Дополнително, важноста на дозволата се намалува со возраста — со цел почеста контрола на способноста за управување со возило.

Мерката предизвика интензивни реакции во јавноста, но властите во Перу ја објаснуваат како неопходен чекор за заштита на сите учесници во сообраќајот, особено во контекст на сè постара популација зад воланот.

Слични дискусии се водат и во Европската Унија, но идејата за воведување на старосна граница за возачките дозволи беше отфрлена поради страв од нарушување на граѓанските права и обвиненија за дискриминација врз основа на возраст.

Останува да се види дали примерот на Перу ќе го следат и други земји во иднина.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија56 секунди

Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко,...

Спорт30 минути

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

Временска прогноза3 часа

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

Македонија11 часа

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Скопје15 часа

МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу...

Кичево21 час

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили2 дена

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин2 дена

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

НАЈЧИТАНИ