Следете не

Автомобили

(ГАЛЕРИЈА) Денес и утре по втор пат во Кичево викенд дружење за љубителите на модифицирани автомобили

Објавено пред

на

Почнувајќи со официјален тренинг денес кој предмалку заврши, но како главно збиднување утрешниот хепенинг за љубителите на авто-адреналин, „Custom Car Racing Team“ од Скопје по втор пат организираат „Track Days“ во Кичево на добропознатата автомото стаза во склоп на АРМ.

Како официјално лице и спонзорирано од нас денес возеше Кристијан Бојоски со својот модифициран Опел Кадет со главен и овластен застапен сервис на „Адлер Кичево“ како и „Авто-Сервис Боби“ исто од Кичево, додека во утрешниот ден ќе се приклучат и повеќе членови од „Car Club-Кичево“.

Се е спремно за утрешниот главен дел, покрај медицинската екипа, пожарна и редарите кои ќе контролираат на терен.

• Заинтересираноста на овој настан е многу голема, така што токму утре очекуваме над 40 автомобили модифицирани и стандарт. Целта на овој тип на слободни тренинзи или возења на затворена патека претставува вистинско задоволство, дружење, журкање, патемо и своевремено тестирање на своите перформанси на возилото без притоа да нарушат безбедност во околината.

• Нашето мото за организирање на ваков тип на настани останува исто и ке продолжи така, да ги едуцираме сите за безбедноста на патиштата и брзините да ги почуствуваат безбедно на затворена патека бидејќи „Улиците не се тркачка патека“.

• На крај голема благодарност до сите учесници, и да им порачаме до сите љубители дека нема да застанеме тука, до година имаме големи планови и многу новости во склоп на автомобилизмот во нашата држава – за нашиот портал вели првиот човек на „Custom Car Racing Team“, г-дин Мики Делев.

Како што ни соопштија од организациониот табор, утрешниот ден (недела) е отворен за публика после 11:00 часот, додека официјалното отворање е во 12:00 часот, во боксот ќе има специјализиран простор за брза храна и ладни напитоци.

Од организацијата упатуваат апел до присутните да ги почитуваат пропишаните протоколи за Ковид-19, растојание од 2м и носење на заштитна маска.

Денешниот тренинг, преку нашиот објектив изгледаше вака:

[ngg src=”galleries” ids=”9″ display=”basic_thumbnail” number_of_columns=”5″ ajax_pagination=”1″]

Автомобили

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Објавено пред

на

Фото: Priscilla Du Preez 🇨🇦 @ unsplash

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе вложи вкупно 852 милиони евра во изградба на шест фабрики за батерии за електрични возила во неколку земји членки на ЕУ.

Целта: декарбонизација и индустриска конкурентност

Овие инвестиции се дел од Индустрискиот акционен план и Договорот за чиста индустрија. Според соопштението од Европската комисија, се работи за клучен чекор кон:

  • Намалување на емисиите на стакленички гасови

  • Намалување на зависноста од увоз на батерии

  • Поттикнување на технолошки развој

  • Создавање на висококвалитетни работни места низ Европа

Кои земји ќе добијат фабрики?

Фабриките ќе бидат изградени во следниве земји:

Франција
Германија
Шведска
Полска

Сите проекти се очекува да започнат со работа пред 2030 година и ќе придонесат кон создавање на стабилна и одржлива индустриска база на ЕУ.

Што точно се финансира?

Финансирањето ги опфаќа и капиталните и оперативните трошоци на фабриките, со можност дел од средствата да бидат исплатени и пред почетокот на активното работење. Средствата ќе бидат распределени според исполнувањето на клучни проектни пресвртници.

Очекувани резултати до 2040 година

Проектите имаат амбициозна цел:

  • Намалување на емисиите за 91 милион тони CO2

  • Комбиниран производствен капацитет од околу 56 GWh батериски ќелии годишно

Овие фабрики ќе користат иновативни, еколошки прифатливи технологии, што е од суштинско значење за европската стратегија за климатска неутралност и технолошка независност.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Објавено пред

на

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал, значи и значително зголемување на потрошувачката на гориво, што се одразува на вашиот буџет.
Но, постои едноставен и генијален трик кој може да ви помогне да заштедите гориво додека уживате во пријатно разладена кабина.

Клучот е во рециркулацијата на воздухот – еве како функционира
Клима уредот во автомобилот може да лади на два начина: внесувајќи воздух однадвор или рециркулирајќи го воздухот кој веќе е во кабината. Кога климата зема топол воздух однадвор, троши повеќе енергија за да го излади. Од друга страна, со рециркулација, системот го користи веќе изладениот воздух, што значи дека се потребни многу помалку ресурси за одржување на пријатна температура.

Рециркулацијата заштедува гориво до 15%
Со притискање на копчето за рециркулација на воздухот, климата работи поефикасно, бидејќи воздухот во кабината е веќе постуден. Ова може да ја намали потрошувачката на гориво за 10 до 15 проценти, што значи реална заштеда на месечно ниво.

Совет од експертите е оваа функција да ја активирате веднаш штом ќе влезете во автомобилот, особено во најжешките делови од денот. На подолги патувања повремено вклучете свеж воздух однадвор за подобра циркулација, но најголем дел од времето оставете ја рециркулацијата вклучена.

Извор: Telegraf

Прочитај повеќе...

Автомобили

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Објавено пред

на

Фото: John Matychuk @ unsplash

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги оценија сопствениците на новите сериски автомобили од 2025 година. Истражувањето за почетниот квалитет на возилата откри кои модели се најдобри, а кои најчесто разочараа.

Модерните автомобили – повеќе од превоз
Денес автомобилите не се купуваат само поради моторот, перформансите или цената. Тие се симбол на статус, исполнување на соништата и награда за успехот. Но и покрај тоа што од новите автомобили се очекува беспрекорно функционирање, истражувањето на JD Power покажа дека дефекти се појавуваат уште во првите месеци од користење.

Автомобилите со највисок квалитет
• На врвот е Lexus – 166 дефекти на 100 возила.
• Следи Nissan – 169 дефекти.
• Во топ 5 се и Hyundai (173 дефекти), Jaguar (175 дефекти) и Chevrolet (178 дефекти).

Интересно, германските марки, кои важат за најсигурни, не се најдоа на врвот.

Просекот и годинава подобрен
Во истражувањето учествувале 92.694 испитаници од САД и Европа. Просекот за возилата од 2025 година е 192 дефекти на 100 автомобили, што е подобрување во однос на лани (194 дефекти). Блиску до просекот се Porsche (188 дефекти) и Ford (193 дефекти).

Германските автомобили под очекувањата
BMW – 196 дефекти (најдобар меѓу „германците“).
Mercedes – 210 дефекти.
Audi – на дното со 269 дефекти на 100 возила.

Овие резултати изненадија многумина кои германските автомобили ги сметаат за синоним за квалитет.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза14 часа

Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за вторник (15 јули)

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

Македонија1 ден

(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под...

Македонија1 ден

Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Кичево1 ден

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот...

Кичево1 ден

Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево,...

Македонија1 ден

Приведен малолетник од Куманово, сакал да запали бакарни кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место...

Македонија1 ден

МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (14 јули)

Овен Веќе некое време се чувствувате како робот кој извршува една по една задача, време е да се посветите! Дневниот...

Хроника2 дена

МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои...

НАЈЧИТАНИ