Следете не

Свет

Северна Кореја изврши „успешен тест за суперсонична ракета“

Објавено пред

на

Северна Кореја изврши успешен тест за суперсонична ракета, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА, додавајќи дека се работи за голем технолошки напредок.

Успехот на овој тест е „од голема стратешка важност“ затоа што Пјонгјанг се обидува да ги „умножи своите одбранбени способности за илјада“, наведе КЦНА.

Суперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните балистички или крстосувачки ракети. Исто така, многу потешко се откриваат и пресретнуваат со системи за противракетна одбрана.

Јужнокорејската војска на 28 септември објави дека Северна Кореја истрелала ракета со краток дострел во морето источно од брегот.

Ракетата беше истрелана еден час пред севернокорејскиот амбасадор во Обединетите нации Ким Сонг да зборува за „легитимното право“ на Пјонгјанг да тестира оружје наспроти „непријателската политика“ на Вашингтон и Сеул.

Ова е трето ракетно тестирање на Северна Кореја овој месец. Првиот беше тест на крстосувачки проектили со голем дострел, а вториот беше балистичка ракета со краток дострел.

Американската војска соопшти дека оценува дека лансирањето не е закана за САД или сојузниците на САД, но рече дека го нагласува „дестабилизирачкото влијание на недозволените програми за оружје“.

Извор: Slobodnaevropa
Фото: KCNA (Reuters)

Свет

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Објавено пред

на

ФОТО: Shashank Rana @ Unsplash.com

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.

Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.

Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.

На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.

Извор: kosmickiglasnik.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle4 часа

Дали премногу често имате столица? Еве што значи тоа за вашето здравје

Сè е индивидуално, велат експертите, а следниве фактори можат да влијаат на фреквенцијата на празнење на цревата. Честото одење во...

Lifestyle4 часа

Клуч за контрола на шеќерот во крвта: Три знаци дека не внесувате доволно растителни влакна

Препорачан дневен внес на растителни влакна: Жените треба да внесуваат околу 25 грама дневно Мажите околу 38 грама дневно Според...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (25 јули)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Lifestyle1 ден

Поради една грешка, клима уредот троши трипати повеќе електрична енергија

Како правилно да се разладите без да ја зголемите сметката? Најголемата заблуда – вклучување само повременоМногумина мислат дека заштедуваат струја...

Lifestyle1 ден

Избркајте ги мувите со лимон: Природен трик што навистина делува

Досадните муви се вистинска напаст секое лето. Наместо да трошите пари на агресивни хемикалии и спрејови што мирисаат лошо и...

Магазин1 ден

Google го менува начинот на пребарување: пристигнуваат Gemini 2.5 Pro и Deep Search

Google воведува сериозни подобрувања во својот пребарувач преку вештачка интелигенција. Двата нови адути – Gemini 2.5 Pro и Deep Search...

Македонија1 ден

Исклучен од сообраќај тетовчанец, управувал автомобил под дејство на алкохол

На 24.07.2025 во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (24 јули)

ОВЕН Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за...

Македонија2 дена

СВР Тетово спречи девојка да си го одземе животот, лишен од слобода маж поради сомнение за посредување на проституција

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да...

Македонија2 дена

УЈП со важно соопштение за авто-такси превозниците

Управата за јавни приходи истакна важно соопштение, кое гласи:

НАЈЧИТАНИ