Спорт
Северна Кореја нема да учествува на зимските олимписки игри во Пекинг

Северна Кореја ја информираше Кина дека нема да присуствува на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг, за што ги обвини писмото на „непријателските сили“ и ризиците поврзани со Ковид-19.
Официјален Пјонгјанг ги обвини и САД дека се обидуваат да го спречат успехот на Игрите, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција KCNA.
„САД и нивните вазални сили стануваат се поотворени во нивните потези против Кина со цел да се спречи успешното отворање на Олимпијадата“, се вели во севернокорејското писмо, нарекувајќи ги таквите потези „навреда на духот на Меѓународната олимписка повелба“.
Сепак, останува нејасно дали писмото од севернокорејскиот олимписки комитет и Министерството за спорт се однесува само на севернокорејските спортисти, кои, според Ројтерс, немаат право да се натпреваруваат откако Северна Кореја беше суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). до крајот на 2022 година. година откако таа не успеа да го испрати тимот на Олимписките игри во Токио минатата година, наведувајќи ја како причина загриженоста за ковида-19.
Во писмото се критикуваат и потезите на САД, кои во декември објавија дека американските владини претставници ќе ги бојкотираат Зимските олимписки игри во 2022 година поради состојбата со човековите права во Кина, додека американските спортисти можат слободно да патуваат во Пекинг за да се натпреваруваат.
Неколку други земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Австралија и Канада, исто така најавија дипломатски бојкот од тогаш.
Фото: Werni/Pixabay
Извор: rtv.rs
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Вчерашниот натпревар Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашиот фудбал. Сериозните судиски грешки доведоа до значителна неправда за тимовите во МФЛ и не само што предизвика разочарување и гнев, туку ја потенцираше потребата за брзи дејствија во насока на подобрување на судењето и спроведување на праведноста.
Во текот на сезоната, се соочивме со судиски грешки кои директно влијаеа на интегритетот на фудбалската играта. Последните судиски грешки, но и грешките во изминатите кола од МФЛ, не принудуваат да се движиме побрзо кон подобрување и праведност во македонскиот фудбал.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.
Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги. Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологијата тоа да не се оствари, бидејќи овој чекор е критичен за ефективното воведување и функционирање на ВАР технологијата. Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме.
Фудбалот не е само игра, туку симбол на спортска правда и рамноправност. Во срцето на секој натпревар е желбата за фер-плеј, каде секој тим има еднакви шанси за успех.
Паралелно со овие напори, ФФМ континуирано инвестира во професионалниот развој на нашите судии. Редовно ги испраќаме на обуки и семинари во рамките на УЕФА со цел подобрување на нивните вештини и способности за правилно судење.
Ние сме посветени на обезбедување на највисоки стандарди во нашиот фудбал и веруваме дека овие чекори ќе придонесат кон правичен и квалитетен фудбалски исход, истакна Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.
Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски даде свое видување и кратка анализа за групата од Елитната рунда на квалификации за пласман на ЕП.
– Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво.
– Се надевам дека на претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда за пласман на Европско првенство, пред се ќе успееме да го задржиме континуитетот на добри игра и позитини резултати. Нема да биде нималку лесно, но подготвени сме за овој предизвик.
– Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство.
– Постои голема жеба за докажување и надигурвање кај моите фудбалери. Се надевам дека нема да изостане и ќе успееме да се прикажеме во добро светло во март. Да го заокружиме овој тригодишен циклус со успех.
– Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.
– Максимално верувам во оваа генерација на фудбалери. Покажавме карактер, одлучност и голема желба за успех. Очекувам дека можеме да направиме и постигнеме нешто повеќе, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното Европско првенство.
Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.
Спорт
Македонија до 19 години во група со Швајцарија, Украина и Летонија за пласман на ЕП 2024 – Ајде наши!

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.
Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (6 декември)
-
Кичево1 ден
Полициски службеници од СВР Охрид и ОВР Кичево денес во О.У. „Кузман Јосифовски-Питу“ го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Булинг и сајбер булинг“
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевскиот „ART Caffe“ блесна во вистински предновогодишен сјај, пиете го најдоброто кафе во топол амбиент и нов уреден стил во срцето на градот
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за четврток (7 декември)
-
Временска прогноза24 часа
На пат студен бран од север, дождот ќе премине во снег кој истиот најпрво ќе се спушти до 1000 метри надморска височина
-
Македонија2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија
-
Спорт3 часа
Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“
-
Кичево4 часа
(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“