Кичево
Лице од кичевско влегло во свој подземен резервоар но поради недостаток на кислород починал

Вчера на 02.10.2021 во 17:30 час во Полициско оддление Зајас, Л.Џ.(52) од с.Зајас пријавил дека во с.Колари во двор на куќа сопственост на А.З.(67) од с.Колари го забележал истиот паднат, без знаци на живот.
Од полициски службеници е излезено на лице место и констатирано е дека А.З. околу 16:00 часот влегол во подземен резервоар за вода во неговиот двор, но поради недостаток на кислород дошло до задушување.
Од екипа од медицински центар Кичево констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извор: МВР / ОВР Кичево
Кичево
Кичевските села Поповјани, Премка и останатите без вода за пиење поради дефект на водоводна цевка

ЈП „Комуналец“ – Кичево ги известува сите корисници на вода за пиење дека ќе има прекин во снабдувањето, поради дефект на главната водоводна цевка на ЈП „Студенчица“, која го снабдува со вода КХЕ „Осломеј“ и околните села, од денес, сабота 19.07.2025, ќе има прекин во водоснабдувањето до целосно отстранување на дефектот.
Без вода за пиење ќе останат следните села: Гарани, Шутово, Премка, Црвивци, Србица, Аранѓел, Поповјани, Јагол, Колибари и Длапкиндол.
Екипите на КХЕ „Осломеј“, ЈП „Студенчица“ и ЈП „Комуналец“ се на терен и работат на што побрзо санирање на дефектот, стои во соопштението за јавноста на ЈП „Комуналец“ – Кичево.
Извор: ЈП „Комуналец“ – Кичево
Кичево
Вчера на маг.пат Кичево-Гостивар била удрена жена пешак, се здобила со тешки телесни повреди

Вчера 18.07.2025 година во 09:05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Ауди“ управувано од А.С. (28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А. (38) од Зајас.
Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
-
Кичево2 дена
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Кичево23 часа
Вчера на маг.пат Кичево-Гостивар била удрена жена пешак, се здобила со тешки телесни повреди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (20 јули)
-
Македонија2 дена
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Кичево17 часа
Кичевските села Поповјани, Премка и останатите без вода за пиење поради дефект на водоводна цевка
-
Хроника2 дена
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот
-
Кичево2 дена
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!