Следете не

Временска прогноза

Најнови детали за времето денес, не очекува дожд и пад на температурите

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ПОСВЕЖО со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Потоа од утре па натаму следува период на облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време со врнежи од дожд кој локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во југозападните предели каде локално ќе наврнат и над 40 л/м2 воден талог. Поради падот на температурите за повеќе од 10 степени, не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и од утре па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

И во Скопскиот регион од утре па натаму времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите значително ќе опаднат и максималните дневни ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат само до околу 15 степени.

/Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

Објавено пред

на

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени.

Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните  и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.

И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.

Поради очекуваното невреме утре (четврток 17 јули) апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија.

Денес (вторник 15 јули) во пладневните  и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.

Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Објавено пред

на

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.

И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.

Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.

Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.

– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде  и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија8 минути

Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонски и српски полициски службеници

Денеска (21.07.) во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за...

Македонија2 часа

Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, викендов реализира зајакнати контроли за алкотест

Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, викендов реализира зајакнати контролни мерки согласно Законот за внатрешна пловидба. Притоа, полициските службеници...

Македонија4 часа

Од ноќеска бензините со мало намалување на цена, додека дизелот останува со иста цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хроника5 часа

СВР Охрид со детали за лицето кое беше најдено починато на охридско крајбрежје

На 20.07.2025 година во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје,...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за понеделник (21 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Македонија18 часа

(ВИДЕО) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Денеска (20.07.2025) полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, с. Нивичино. Поради...

Скопје18 часа

Изменет сообраќаен режим во Скопје, следни четири дена на овие локации

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија1 ден

(ВИДЕО) Полициски службеници од Хеликоптерската единица и САЕ “Тигар” спасија повредено лице на планината Баба

Денеска (20.07.2025) во утринските часови, по претходно повикана помош за спасување на лице кое се наоѓа на непристапен планински предел...

Автомобили1 ден

Дали знаете по колку време метличките на бришачите стануваат неупотребливи?

• Многу возачи се сетат на бришачите дури кога ќе ги фати силен дожд — и тогаш откриваат дека се...

Магазин1 ден

Серијата iPhone 17 доаѓа – еве кога најверојатно ќе биде претставена

Се појавија нови информации за тоа кога може да се очекува претставувањето на новата серија телефони iPhone 17. • Apple...

НАЈЧИТАНИ