Македонија
(ФОТО) Претрес во Прилеп, одземени оружје и муниција
Денеска (07.10.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Т.(43) од Прилеп.
При претрес, извршен со судска наредба, во домот на Р.Т. на ул.”Круме Спиркоски” во Прилеп, биле пронајдени и одземени: еден пиштол „Екол“ модел „Туна“ калибар 8 мм, еден ловен карабин М 98 кал.7,9 мм, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М 59 7,62 мм, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7, 62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Извор: МВР
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
-
Кичево22 часаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (24 октомври)
-
Временска прогноза2 денаПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Хороскоп9 часаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Македонија11 часаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија23 часаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија23 часаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди18 часа„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
