Македонија
Денес 386 нови случаи на Ковид, починале 8 лица
Во последните 24 часа направени се 3.791 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 205
• Куманово – 25
• Битола – 18
• Велес и Штип – по 16
• Крива Паланка – 15
• Струмица – 11
• Охрид – 10
• Тетово и Прилеп – по 9
• Свети Николе – 8
• Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6
• Валандово – 5
• Кавадраци и Радовиш – по 4
• Пробиштип и Кратово – по 3
• Виница и Македонска Каменица – по 2
• Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г), по едно починато лице од Куманово (84г), Кавадарци(62г) и Македонски Брод (53г). Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до
03.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од:
• Скопје – 313
• Куманово – 37
• Штип – 22
• Кавадарци – 18
• Велес – 15
• Битола и Струмица – по 13
• Тетово и Прилеп – по 12
• Охрид – 9
• Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7
• Кочани – 6
• Гевгелија – 5
• Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4
• Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3
• Крушево – 2
• Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.314.953 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231 бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
-
Кичево1 денУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Кичево3 часаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Македонија20 часаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија1 денВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија1 денАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди1 ден„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
