Магазин
Познато е кога ќе излезе новиот телефон Huawei и колку ќе чини

Амазон откри кога Huawei Nova 9 ќе биде пуштен во Европа и колку ќе чини.
Знаевме дека Nova 8i и Nova 9 ќе бидат објавени наскоро во Европа и сега Амазон ни откри кога ќе пристигнат и која ќе биде нивната цена.
Nova 9 ќе биде објавен на 21 октомври во Европа.
Моделот со 8GB RAM и 128GB простор ќе чини 499 евра.
Huawei Nova 9 ќе има 6.57-инчен 120Hz OLED дисплеј, чипсет Snapdragon 778G, софтвер Huawei HarmonyOS 2.0, четири камери на задната страна (главна 50MP, ултра широка 8MP, 2MP макро, сензор за длабочина од 2MP), селфи камера од 32MP и батерија од 4300mAh 66W поддржува брзо полнење.
Извор: B92
Фото: Unsplash
Магазин
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата.
За порта.мк истакна, “ме чекаа пред врата, за да ми ја пеат песната”
А на социјалните мрежи вели: Е ова е мојата најголема награда, ова е тој момент кој што ме прави најсреќен и најисполнет. Зарем има нешто послатко од тоа кога овие прекрасни дечиња ќе ве пречекаат пред вашиот дом за да ви го испеат вашиот рефрен. Епа горд сум што дечињата од мојот комшилук не слушаат ШУНД, туку си ја сакаат онаа нашата, Македонската 😊
Lifestyle
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци.
• Зошто секојдневно миење?
Заменик-главниот медицински службеник во AXA Health Insurance објаснува дека ако страдате од алергии на полен, кои се чести и во лето, секојдневното туширање со топла (но не врела) вода ќе ви помогне да ја заштитите кожата. Препорачливо е користење хипоалергенски сапуни и шампони.
• Совет од трихолог
Менди Бухнер, сертифициран трихолог, нагласува дека ако многу пливате или се потите, миењето коса секој ден е добра пракса. Важно е скалпот да биде чист и здрав за да се поттикне растот на косата. Ако не е секој ден, тогаш барем секој втор ден.
• Заштита од сушење
Главната грижа при често миење е сушење на косата. Бухнер советува употреба на хидратантни производи со есенцијални липиди кои ја враќаат изгубената влага. За дополнителна заштита, носете шапка и користете SPF производи за скалпот за време на престој на сонце.
• Што ако имате проретчена коса?
Експертите велат дека околу 80% од мажите и речиси половина од жените се соочуваат со овој проблем. Постојат ефикасни третмани, но најдобро е да се консултирате со дерматолог за индивидуален пристап.
Извор: Informer
Lifestyle
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки како душа и совршени за појадок, се подготвуваат лесно, а резултатот е повеќе од вреден.
Потребни состојки:
• 600 г обично брашно
• 250 мл млеко
• 100 г путер
• 100 г шеќер
• 1 кесичка сув квасец
• 1 јајце
• 50 мл млака вода
• 1 лажичка сол
За премачкување:
• 2 лажици ладно млеко
• 1 жолчка од јајце
Подготовка:
• Загрејте ја рерната на 220°C.
• Растопете го путерот во топлото млеко.
• Растворете го квасецот во млаката вода.
• Во длабок сад измешајте брашно, шеќер, сол, јајце, растворен квасец и смесата со путер.
• Месете со миксер или рачно додека не добиете мазно и еластично тесто.
• Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го да нарасне околу 1 час, додека не се дуплира неговата големина.
• Подгответе плех со хартија за печење.
• Кога тестото ќе нарасне, внимателно измесете го и поделете го на 12 еднакви делови.
• Направете топчиња и обликувајте ги во кифли.
• Наредете ги во плехот и оставете ги да нараснат уште малку додека се загрева рерната.
• Премачкајте ги кифлите со мешавината од млеко и жолчка од јајце.
• Печете околу 15 минути, додека не добијат убава златна боја.
Уживајте во овие домашни путерски кифли додека се топли!
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин1 ден
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија4 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија1 ден
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Временска прогноза1 ден
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс